Print this page

Copy of Дрисла Featured

Thursday, 26 August 2021 13:08
Rate this item
(0 votes)

Депонијата Дрисла е лоцирана во југоисточниот дел од градот Скопје на оддалеченост од 14 км од центарот на градот. Се простира на површина од 76 ха, со проектен капацитет од 26.000.000 м3 депониран комунален отпад. Во проектната документација е планирано дека истата ќе биде наполнета за околу 30 години, но во досегашната експлоатација од 27 години, истата е исполнета до 55 % од вкупниот капацитет, што укажува на фактот дека следните 30 години има начин на депонирање, без претходна селекција и искористување на отпадот кој може да служи како секундарна суровина (хартија, метал, стакло, пластика). Во досегашната експлатација од 26 години, во депонијата се депонирани 3.837.252 тони отпад.

Депонијата Дрисла е изградена во периодот од 1990-1994 година, а во април 1994 година со Одлука на Собранието на Градот Скопје е формиран посебен правен субјект ЈП „Дрисла“ Скопје, кој стопанисува со новоизградената депонија.

Претпријатието е регистрирано за вршење на следните дејности:

·         38.21 – Обработка и отстранување на безопасен отпад;

·         38.22 – Обработка и отстранување на опасен отпад;

·         38.12 – Собирање на опасен отпад

ЈП депонија ДРИСЛА Скопје е во функција 24 часа на ден, 365 дена во годината, што значи дека нема прекин во технолошкиот процес.

На депонијата Дрисла редовно се прима неопасен и опасен отпад. Најголема количина на отпад која се прима и третира на депонијата Дрисла е комуналниот отпад, а покрај него и отпад од прехранбени стоки, технолошки отпад, индустриски неопасен отпад, градежен шут (инертен отпад), отпад од пазари и отпад од зеленило. На депонијата Дрисла од нејзиното пуштање во употреба до почетокот на 2021 година има вкупно примено и депонирано 4.070.938 тони неопасен отпад.

Покрај неопасен отпад ЈП депонија ДРИСЛА Скопје врши собирање, прием и согорување на опасен отпад (медицински отпад и лекови со поминат рок). Медицинскиот отпад како посебен вид на отпад како и поради своите специфични карактеристики бара посебен третман, па со цел и поголема заштита на животната средина во текот на 2021 година ќе се изврши промена на начинот на третман на медицинскиот отпад, со што повеќе нема да се согорува во инценераторот, туку ќе се стерилизира во Автоклав. Вкупната количина на собран, транспортиран и согорен медицински отпад и лекови во инсенераторот од 2011 до почетокот на 2021 година е 8.820 тони.

За прв пат и на едниствено место на територијата на Р.С.М. предвидена е локација и добиена дозвола од МЖСПП за складирање, третман и/ или преработка на отпад (азбест цемент) во депонијата Дрисла во Скопје. Во 2014 година во близина на влезот на депонијата изградена е парцела во која се ископани три ровови со должина од 25 метри, ширина 5 метри и длабочина 3 метри. Овие ровови се целосно обложени со геомрежа за стабилизација на теренот, а потоа се обложени со заштитна геомембрана (2,5 мм) и геостекстил (4.000 гр/м2). Во овие ровови се отстранува односно депонира отпадот кој содржи азбестни компоненти.



Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 17:00
Саб-Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.drisla.mk

fb Instagram

 

 

Read 512 times