АД ТЕЦ ,,Неготино,, е термоелектрана за производство на електрична енергија, во државна сопственост, регистрирана како самостоен субјект на 09.09.2005 година, согласно Одлуката на Влада на Р.М бр.19-18/89 од 15.05.2005 година со 572.495.000,00 ден. обични акции, во сопственост на едниствениот акционер Влада на Р.Македонија.
Електраната е со инсталирана моќност од 210 МЊ како втор по големина производен капацитет во Македонија. Основно гориво е мазут, со можност како гориво да се користи и природен гас. Годишниот капацитет на термоелектраната изнесува 1.200 ГЊх произведена електрична енергија при работа од 7.000 погонски часови. За ова производство се потребни околу 300.000 тони мазут.
Термоелектраната ,,Неготино,, е изградена во периодот од 1974 до 1978 година , со локација на десниот брег на реката Вардар на осум километри низводно од Неготино. Во непосредна близина на ТЕЦ ,,Неготино,, е железничката пруга и автопатот Скопје - Гевгелија како и 400 кВ трафостаница Дуброво. Површината од 67,1 хектари помеѓу реката Вардар и железничката пруга, каде е сместена електраната, просторно овозможува изградба на енергетски извори до 1.000 МЊ.
Основната концепција била на оваа локација да бидат изградени два блока со моќност од по 210 МЊ, со тоа што изградбата би се одвивала во две фази : првата фаза предвидувала изградба на еден блок од 210 МЊ со сета придружна инфраструктура за два блока ( оџак, црпна станица за разлдна вода, мазутно стопанство, постројки за хемиска подготовка на водата , помошна котлара ) и втора фаза изградба на втор блок од 210 МЊ. Реализирана е само првата фаза т.е изградба на постојниот блок од 210 МЊ со сета придружна инфраструктура така што сега на оваа локација инфраструктурата овозможува изградба на уште еден блок од 210 МЊ , на погонско гориво мазут, јаглен или гас.
Во март 1978 год. извршена е првата синхронизација на блокот во електро енергетскиот систем на тогашното ЕСМ.
Пон - Саб: 08:00 - 21:00
Недела: не работиме
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.tecnegotino.com.mk