Компанијата МЕГА ДЕКОР се занимава со производство на лајсни и панели од стиропор
Фасадни и украсни лаисни и елементи од стиропор, заштитени со повеќеслоен кварцен песок, отпорни на атмосферски влијанија и физички оштетувања
Внатрешни лаисни од стиропор
3D board панели за внатрешно уредување
Производите на МЕГА ДЕКОР се идеални за украсување и термоизолација на стари и нови фасади. Произведуваме рамки за прозорци, симсови, розети, конзоли, столбови, капители, квадери и други декоративни елементи.
Елементите се произведуваат од експандиран стиропор кој е обложен со водоотпорен заштитен слој, кој им дава трајност и отпорност на атмосферски влијанија. Овој слој е флексибилен, парадифузен, тврд, отпорен на УВ зраци и влага, не се собира. После вградувањето, нашитете надворешни елементидоволно е само да се бојадисаат со фасадна боја и потоа се лесни за одржување.
Внатрешните лајсни од стиропор се направени од многу лесен и цврст материјал - XPS стиропор (stirodura). Нивната инсталација во внатрешноста е брза, едноставна и чиста. Не е потребно ѕидовите или таванот специјално да се обработат (гребење на боја и мазнење). Може да се лепат на веќе бојадисани ѕидови, керамика, дрвена површина и разни други материјали.
Монтажата се изведува со лепење со акрилик силикон. Се бојадисуваат боја на водена база (дисперзивни бои). Произведуваме голема палета на профили, а можеме да произведеме профил и по нарачка во кружна лак-форма што обезбедува уникатни решенија и придонесува кон ексклузивен изглед на вашиот простор. Произведуваме и рекламни логоаа во разни величини.
Пон - Пет: 08:00 - 17:00
Саб - Нед: 09:00 - 14:00
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: