MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

А.Д. Илинден Featured

Tuesday, 13 October 2020 13:08
Rate this item
(0 votes)

 

Трговското друштво за градежништво,производство, трговија и угостителство Илинден а.д. Струга, своето деловно „живеење“ го има повеќе од 45 години.

Неговите почетоци како посебен правен субјект датираат од издвојувањето на градежните капацитети и работна рака од Водостопанското претпријатие при Општина Струга со Решение.рег.лист бр.19/72/ИИ, на Окружниот стопански суд Битола.Тие почетоци се поврзани со изведување пред се на локални инфраструктурни објекти,станбено деловни објекти,водостопански објекти, образовни,угостителско туристички објекти и сл како и производно услужни работи и производи, за пошироката побарувачака.

Визијата за градежно ангажирање и афирмирање на регионалниот простор, просторот на републиката и надвор од границите на републиката, доведе во 80-ите години својот деловно организациски субјект го формира како ООЗТ во рамките на ГРО Илинден Скопје.

Стекнатото искуство во периодот на функционирањето како ООЗТ, континуираното зголемување на своите капацитети, проширувањето на градежниот ангажман и по вид и капацитет на услуги и по вид на побарувачи, проширување со нови дејности во функција на главната дејност - Градежништво-Високо и Ниско градба, доведоа до издвојување на ООЗТ од ГРО Илинден Скопје и во 1988 година со С.рег.135/88 регистрирање како ГРО Илинден Струга.

Веќе во овој период претпријатието има развиено повеќе производно градежни и услужни капацитети, како –Каменолом со сепарација за камен и песок, -Механизација со градежно машинска опрема и транспортни средства, -Производни капацитети за асфалт, бетон, -Метало лимарски погон и други услужни капацитети. Работната рака како клучен фактор на производство се прилагодува на квалитетот и специјалностите што ги бараат обемот, но и технолошкиот развоен процес.

Вака техничко технолошки производно формирано, развојно насочено , и искуствено подготвено, претпријатието, периодот на трансформација на економскиот систем од здружениот труд како економска основа, во пазарно стопанство тогаш во СФРЈ, го поминува во неколку транзициски фази. Во1989 година со С.рег.585/89 како прв чекор кон трансформација,го прави со регистрирање како ГП.Во 1990/91 година веќе постапува согласно Законот за приватизација и издава интерни акции па С.рег.1449/91 статусно се регистрира како Акционерско друштво во мешовита сопственост.

Во текот на 1995/96 година, процесот на приватизација го заокружува со примена на одредбите од ЗТПОК. кога капиталот на друштвото е откупен во целост (акционерски капитал) со примена на моделите на ЗТПОК. Бројот на акционери во наредниот период се намалува, по пат на интерен продажба - откуп на акции. Во овој момент доминантен акционер е господинот Трајкоски Радован.

Управувачкиот модел во друштвото во првата фаза на приватизација беше двостепен систем на управување, додека од 2006 година наваму се премина на едностепен систем на управување - Одбор на директори од кои тројца неизвршни членови и двајца извршни членови-директори.и тоа Трајкоски Радован како генерален извршен директор и Трајкоска Костеска Кристина како втор извршен директор. Претседател на одборот на директори е Трајкоска Магде додека останати неизвршни директори се Мартиноска Климентина и Трајкоска Ирена.

Транзициониот период на друштвото беше покриен со напори и активности за обезбедување и зајакнување на технолошките капацитети и ивно концентрирање и прилагодување приоритетно на дејноста Ниско градба - Изградба на патишта и автопати, и други инфраструктурни објекти, потоа на обезбедување со квалификуван технички и професионален кадар, прилагодување на работната рака на потребата но и квалитетот.кон работите предмет на дејноста на друштвото. Сето ова се правеше со цел сериозно конкурентно да се приближи друштвото до останатите познати и афторитетни градежни претпријатија, но и на актуелните и развојни потребите на градежниот пазар.во регионот и Републиката.

Денес друштвото располага со свои капацитети и тоа.каменолом,и сепарација,две асфалтни бази,две бетонски бази,голем број на транспортни возила,градежни машини за изградба на патишта и автопати, опрема-финишери за уградување на асфалт,производнен погон за градежни елементи,и друга опрема и средства.

Со такви активности друштвото денес е обезбдено со доволен број на економско производно градежни капацитети, опрема,средства за работа,и стручен кадар,со кои подолг период наназад веќе учествува во изградба на голем број на инфраструктурни проекти како од локално,регионално и државно значење,но и има обезбедено простор и за во иднина покривање на споменати проекти.

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 16:00
Саб - Нед: не работиме
 
 
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.ilindenstruga.com.mk
 
 fb Instagram
  
Read 782 times Last modified on Monday, 29 January 2024 13:13
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org