Браната “Стрежево” е висока земјано - насипна преграда со централно глинено јадро и возводно и низводно потпорно тело од чакал подигната на реката Шемница, возводно, на 24 km од нејзиниот влив во Црна Река и на 1,5 km низводно од селото Стрежево. Со нејзината изградба се формира акумулационен простор, со корисен волумен кој овозможува: обезбедување на потребните количини на вода за наводнување на дел од Пелагонија (проектно предвидени 20.200 ha нето обработлива површина), делумно надополнување до потребните количина на непреработена вода за потребите на ЈП “Водовод” – Битола, обезбедување на дел од потребите од сирова вода за дел од индустријата, заштита од поплавување на дел од Пелагонија итн.
Во составот на хидросистемот Стрежево постојат два канали и тоа:
1.Собирен (алиментационен) канал кој врши довод на вода во акумулацијата Стрежево, и
2.Главен доводен канал низ кој се одведува водата од акумулацијата до корисниците.
Собирниот канал од хидросистемот Стрежево овозможува зафаќање на дел од водите на седум реки од Баба Планина: Кишавска, Граешка, Остречка, Злокуќанска, Стара Река, Киндерка и Драгор и нивно доведување до месноста Превлец, каде се внесуваат во сливот на реката Шемница. Од Собирниот канал се врши и дополнително снабдување со непреработена вода на ЈП Водовод – Битола, а воедно претставува и алтернативен извор на сирова вода за потребите на термоелектраната Битола и Фабриката за шеќер во Битола.
Главниот доводен канал од хидросистемот Стрежево има задача да ја транспортира и дистрибуира водата од акумулацијата Стрежево до зафатните градби на главните цевководи од Деталната цевководна мрежа и цевководите за водоснабдување на РЕК Битола со сирова вода. Управувањето со течењето на водата низ каналот се врши со помош на методот на „динамичка регулација", што претставува автоматизиран процес на далечинско управување од управувачки центар сместен во Дирекцијата на Системот.
Работно време:
Пон - Пeт: 08:00 до 16:00
Саб - Нед: не работи
АГРОЦЕНТАР дооел е компанија која дваесет години се занимава со производство и промет со добиточна храна, продажба на еднодневни пилиња, производство и доработка на семенски материјал за житни култури.
За производство на добиточната храна користиме суровини од сопстеното примарно земјоделско производство, како и суровини од други производители, а самото производство се реализира во село Карамани, каде располагаме со сопствен млин за мелење и мешање на добиточната храна. Храната што ја произведуваме е со одличен квалитет, ги задоволува и најстрогите стандарди и е наменета за исхрана на сите видови добиток. Продажбата на добиточната храна се реализира директно до нашите традиционални коминтенти, а еден дел и преку нашата продавница за добиточна храна и земјоделската аптека, кои се лоцирани во Битола на ул. Прилепска бр. 40 и 42.
Работно време:
Пон - Пет: 08 : 00 - 17 : 00
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Компанијата МЕТАЛ КОП ИНТЕРНАЦИОНАЛ се занимава со производство на ПВЦ и алуминиумска градежна столарија
- Врати
- Прозорци
- Комарници
- Гаражни врати
- Сигурносни врати
- Ролетни
- Венецијанер завеси
-Компанијата МЕТАЛ КОП ИНТЕРНАЦИОНАЛ произведува ПВЦ и алуминиумска столарија со врвен квалитет, кои ги задоволуваат и најстрогите европски стандарди за безбедност, трајност, издржливост, заштеда на енергија, за звучна и термичка изолација... За да може на клиентите да им обезбедиме максимален квалитет на прозорците и вратите, при нивната изработка употребуваме најквалитетни материјали од реномирани светски производители.
Работно време:
Пон - Пет: 08:00-16:00
Сабота-Недела: Затворено
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.metalkop.clubeconomy.mk
Доброто образование е основа за подобра иднина па затоа многу е важен изборот на центар кој нуди квалитетна настава приспособена според потребите на учениците.
Центарот за странски јазици „Англиски Клуб“ нуди квалитетна настава со искусен, стручен и посветен наставен кадар кој неизмерно се грижи за успехот на учениците.
Од 2015 година до денес брои многу успешни години исполнети со многу задоволни клиенти.
Центарот за странски јазици „Англиски Клуб“ нуди курсеви по англиски јазик за претшколска и школска возраст, курсеви за средношколци и курсеви за возрасни.
Работно време:
Пон - Саб: 08:00-22:00
Нед: Затворено
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.