Музеи | Театри

Почетна :: Музеи | Театри

Колекционерството на вредни предмети, како еден вид престиж, е познато уште од античко време. Со појавата на музеите тоа се прави на повисоко организирано ниво и со утврдени правила. Музеите денес со своите научно истражувачки работи, организирање на изложби и други видови на активности се средиште на културното и општествено живеење, односно придонесуваат за откривање и оценување на универзалните човекови вредности низ изминатите епохи. Во исто време музеите се ризница на вредности што секоја цивилизација одделно ги создавала низ вековите или поточно, аргументирано сведоштво за континуираниот развој на цивилизацијата. Музејската дејност во Република Македонија поинтензивно се организира во периодот по Втората светска војна. Така и во Прилеп во овој период започнуваат активности за институционално чување и презентирање на историското и културно наследство. Во 1948 година во рамките на Народно - ослободителниот одбор на општина Прилеп е формирана првата Музејска збирка на документи, фотографии и уметнички слики од прилепски автори со тематика од НОБ. Истата била сместена во Анот на фамилијата Ачкоски, во непосредна близина на градскиот пазар.

Веќе наредната година започнуваат активностите за отворање на градски музеј кој ќе го прикажува историскиот развој на градот, придонесот во НОВ и успесите во повоениот период. Сепак, дури во почетокот на 1952 година од страна на одборот на Сојузот на борци од НОВ се интензивираат подготовките за формирање на Музеј на НОБ. На 1.05.1952 година музејот е отворен во зградата која за време на фашистичката окупација била бугарски полициски участок (станица), а врз која борците од Прилепскиот партизански одред извршиле вооружен напад на 11 октомври 1941 година со што е означен почетокот на Востанието на македонскиот народ против окупаторот. Воедно, со официјалното отворање на Постојана изложбена поставка во рамките на овој музеј од страна на претседателот на Околискиот народен одбор Тоде Ношпал, била поместена и првата повремена изложба “Изградбата во Прилеп и околината од 1945-1951 година” . Во постојаната поставка на Музејот на НОБ биле изложени фотографии кои говорат за развојот и работата на Комунистичката партија во време на поранешна Југославија и за време на окупацијата, фотографии на првоборци од Прилеп и од формирањето на партизанските одреди, како и фотографии кои говорат за ѕверствата направени од страна на окупаторот врз првоборците Орде Чопела, Трајко Тарцан, Ристе Секирчанец, Трајко Брко, Киро Шими и Цена Џинорозот. Во музејот биле изложени и разни летоци, прогласи и брошури печатени во нелегалните партизански печатници или на шапирограф, како и голем број на предмети кои биле сопственост на борците од партизанските одреди.

Во текот на 1955 година историчарот на уметност Бошко Бабиќ, кој живеел во Белград, на неколку пати доаѓа во Прилеп, при што добива задача од тогашниот претседател на општина Прилеп, Џоџа Николоски да започне активности за формирање на Народен музеј, кој како самостојна институција од комплексен тип ќе има задача да прибира, чува, реставрира, конзервира, проучува и презентира предмети со археолошка, етнолошка, историска, уметничка, природна и техничка споменично-културна вредност од пошироката прилепска околина. Истото е направено и официјално со Одлука на Собранието на општината на 01.07.1955 година е формиран Народниот Музеј во Прилеп со прв назначен директор Бошко Бабиќ, кој секако има големи заслуги за неговото формирање и понатамошен развој. Покрај него, во Народниот музеј првовработени се Александар Георгиевски како препаратор, Александар Насески, економ, Загорка Коруноска етнолог, Загорка Расолкоска препаратор и Нада Никуљска, историчар на уметност. На почетокот од своето формирање музејот се наоѓа во поранешниот бугарски полициски участок (станица), за да по краток период со изградбата на новата општинска зграда музејот ги добие просториите на старата општинска зграда на улица Моша Пијаде, т.е. зградата каде и денес е сместен.

Во старата зграда на участокот продолжува да функционира Музејот на НОБ, кој во следниот период претрпува повеќе измени во својата содржина, за да конечно прерасне во Меморијален музеј “11 Октомври 1941 година” , како дел од нашата установа. Развојот на Народниот музеј - Прилеп, денес НУ Завод и Музеј - Прилеп, е долгогодишен, макотрпен, со голем ентузијазам на сите вработени, за да се дојде до степен на висок рејтинг, не само во нашата земја, туку и надвор од неа. Нашата установа беше, и е носител на голем број научно-истражувачки и конзерваторски проекти, организатор на голем број изложби и културни манифестации и расадник на стручни кадри кои учествуваат во реализација на најразлични проекти во Република Македонија, поранешна Југославија, но и во европските земји, особено оние кои ја развиваа словенската археологија. Повеќевековната историја на Прилеп овозможува во установата да се развиваат научните дисциплини археологија, историја, историја на уметност, етнологија, а подоцна и архитектурата, при што се создаваат музејските збирки со огромен број на експонати. Дел од нив денес се изложени во постојани изложбени поставки, а низ 50 годишното постоење се реализирани и повеќе повремени тематски изложби. Уште од првите години на своето постоење во Народниот музеј се формира работилница за заштитно препараторски и конзерваторски интервенции, како и фото лабораторија, две мошне важни компоненти во работењето на институцијата. Секако, со своите активности важна улога имаат Одделението за правна заштита на историското и културно наследство, Одделението за документација и Одделението за илустративна и техничка документација. Исто така, музејот располага со своја интерна библиотека со богат книжен фонд од над 1900 книги, 1536 списанија и прирачна литература која се состои од 132 речници, енциклопедии и лексикони. Секоја година библиотеката го зголемува овој фонд со набавка на нови книги и друг вид на публикации по пат на претплата или размена соработувајќи со сродни институции од земјата и странство, како и по пат на поклон. Во текот на петдеценискиот развој на институцијата се развива Секторот на заеднички служби, архива, книговодство и возен парк, кои во голема мера го олеснуваат работењето на стручните лица. Во рамките на Народниот музеј во 1957 година е основана првата Сликарска колонија во Македонија, во 1963 година е основан Скулптурскиот симпозиум “Мермер” и подоцна во 1974 година Интернационалното студио за пластика во дрво. Како резултат на се поинтензивните истражувачки работи во областа на археологијата, во 1961 година во рамките на Народниот музеј е поместена Постојана археолошка изложбена поставка, која во текот на изминатиот период се надополнува со новооткриен материјал. По повод 50 години од формирањето на музејот истата се постави во ентериерно современ преуреден и поширок простор. Во 1973 година на предлог од тутунската индустрија на Југославија и со Одлука на претпријатието “Југотутун” од Скопје се формира Музеј за тутун, односно Народниот Музеј отпочнува со собирање на предмети за уживање и обработка на тутун, документација, ликовни и скулптурални дела од предметната област. На развојот на Музејот за тутун интензивно се работело се до 1979 година, кога активностите биле ставени во мирување. Конечно, како резултат на големото залагање на Институтот за тутун и Заводот и Музеј- Прилеп, во 1994 година во реновирани простории во институтот е поставена Постојаната изложбената поставка на Музејот за тутун. Изложени се над 750 експонати, поголемиот број од нив луксузни и раритетни, што ја прават оваа поставка единствена од овој вид не само во Република Македонија, но и пошироко. Со одлука на Собранието на СИЗ за култура на општина Прилеп од 08.10.1979 година во состав на Народниот музеј - Прилеп влегува и Меморијалниот музеј “Кузман Јосифоски - Питу” , со Постојана изложбена поставка. Од Народниот Музеј - Прилеп во 1980 година произлегуваат и се формираат како засебни институции Институтот за истражување на старословенската култура, со задачи за проучување на етногенезата на Јужните Словени и Центарот за современа ликовна уметност, кој ги обедини неколкуте ликовни, односно уметнички манифестации. Резултат на овој Центар се исклучителните колекции на прекрасни дела на уметници од сите континенти, како уметнички слики, скулптури во мермер, дрво, метал и друг материјал. Од 01.07.1981 година Народниот музеј - Прилеп прераснува во Завод за заштита на спомениците на културата, природните реткости и Музеј. Покрај музејската дејност, новата институција како основна дејност ја развива и дејноста за заштита на спомениците на културата кои во Прилеп и прилепско ги има во голем број, почнувајќи од археолошки локалитети, преку цркви и манастири од средновековниот период, споменици од преродбенската и исламската архитектура, па се до споменици од периодот на НОВ. Во наредниот период реализирани се голем број на проекти од заштитната дејност, односно извршена е конзервација и реставрација на голем број на споменици на културата и на богатиот фреско-живопис во поголем број на цркви во Прилеп и прилепско. Од музејската дејност продолжува континуитетот во истражувањата на бројните археолошки локалитети, како и организирањето на изложби преку кои се презентира движното културно наследство. Исто така, издадени се и поголем број на публикации, додека наши стручни лица партиципираат со свои трудови во стручни списанија, зборници и друг вид на публикации во издание на сродни институции. Со сите овие активности Заводот и Музеј прерасна во мошне значајна установа во Република Македонија, но и надвор од неа. Од 10.07.2002 година во реновираниот објект на Првото женско училиште е сместена на претплата или размена соработувајќи со сродни институции од земјата и странство, како и по пат на поклон. Во текот на петдеценискиот развој на институцијата се развива Секторот на заеднички служби, архива, книговодство и возен парк, кои во голема мера го олеснуваат работењето на стручните лица. Во рамките на Народниот музеј во 1957 година е основана првата Сликарска колонија во Македонија, во 1963 година е основан Скулптурскиот симпозиум “Мермер” и подоцна во 1974 година Интернационалното студио за пластика во дрво. Како резултат на се поинтензивните истражувачки работи во областа на археологијата, во 1961 година во рамките на Народниот музеј е поместена Постојана археолошка изложбена поставка, која во текот на изминатиот период се надополнува со новооткриен материјал. По повод 50 години од формирањето на музејот истата се постави во ентериерно современ преуреден и поширок простор. Во 1973 година на предлог од тутунската индустрија на Југославија и со Одлука на претпријатието “Југотутун” од Скопје се формира Музеј за тутун, односно Народниот Музеј отпочнува со собирање на предмети за уживање и обработка на тутун, документација, ликовни и скулптурални дела од предметната област. На развојот на Музејот за тутун интензивно се работело с# до 1979 година, кога активностите биле ставени во мирување. Конечно, како резултат на големото залагање на Институтот за тутун и Заводот и Музеј- Прилеп, во 1994 година во реновирани простории во институтот е поставена Постојаната изложбената поставка на Музејот за тутун. Изложени се над 750 експонати, поголемиот број од нив луксузни и раритетни, што ја прават оваа поставка единствена од овој вид не само во Република Македонија, но и пошироко.

Со одлука на Собранието на СИЗ за култура на општина Прилеп од 08.10.1979 година во состав на Народниот музеј - Прилеп влегува и Меморијалниот музеј “Кузман Јосифоски - Питу” , со Постојана изложбена поставка Галеријата на икони, со што Заводот и Музеј - Прилеп го зголеми бројот на своите постојани музејски поставки. Оваа галерија, како со уредениот енетриер, така и со вредноста на изложените експонати е една од најрепрезентативните во Република Македонија. Во неа се изложени 66 извонредни икони од црквите и манастирите од поширокиот прилепски регион, како и друг музејски материјал поврзан со христијанската религија. На 22.12.2003 година Владата на Република Македонија донесе Одлука за утврдување на мрежата на национални установи од областа на културата со која Заводот за заштита на спомениците на културата, природните реткости и Музеј-Прилеп прераснува во Национална установа - Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Прилеп. Досега кажаното нека биде краток вовед за 50 годишното постоење на нашата установа. Многу повеќе за нашата работа, организираноста по сектори и одделенија, за постојаните и повремените изложбени поставки, за спомениците на културата и за многу други наши активности, во страниците кои следуваат.

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 16:00
Саб - Нед: Не работиме

e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: http://www.muzejprilep.org.mk

fb Instagram

 

 

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org