ПЗУ,,Аптека Бисерʼʼ-Скопје е основана во 2007година и веќе 12години успешно работи и со својата услуга и е на располагање на голем број пациенти. Нашиот тим брои 5стручни лица,(двајца дипломирани фармацевти и тројца фармацевтски техничари) кои континуирано се надградуваат со најнови стручни информации за лековите,лекување на одредени заболувања,интеракции на лековите,нивна примена и.т.н Заедно се заслужни за нивото кое го достигнавме.Секојдневно се зголемува бројот на услужени и задоволни клиенти што е наша гордост и сатисфакција за уште поголемо наше вложување во што подобро опслужување на истите.
Повеќе од 10години има склучено договор со Фонд за Здравствено Осигурување на Република Северна Македонија и е нивен сервис во издавање на лекови на товар на Фондот односно лекови на рецепт.
Аптека Бисер нуди консултантски услуги за подобрување на здравјето на пациентите,консултации за препишаната терапија,начинот на примена на терапија,совети за ОТЦ препарати,совети за хигиенско-диететски режим за одредени здравствени состојби.
Има лагер од многу лекови и ОТЦ препарати,а и доколку нешто во моментот нема,им излегува во пресред на пациентите со обезбедување на бараниот лек уште истиот ден. Поседува широка палета на медицинска козметика и нуди совети за нивна употреба.Ги следи светските трендови за грижа и заштита на здравјето на своите клиенти.
Резултат од горе набројаното е успешно опстојување на аптеката и голем број на задоволни и лојални клиенти .Наша цел е да опслужиме што повеќе клиенти-пациенти и тие да бидат задоволни од нашата услуга.
Работно време:
Пон - Саб: 08:00 - 20:30
Недела: 09:00 - 20:00
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: