MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

Интеко ДООЕЛ Скопје Featured

Friday, 02 February 2024 10:50 Written by 
Rate this item
(0 votes)
  • Адреса: Бул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр.72
  • Контакт: 071 218 267

Компанијата Интеко ДООЕЛ Скопје е основана на 02.04.1994 година. Во нашата компанија работат професионалци со долгогодишно искуство и едукација.
Фирмата Интеко е повеќе од 20 години застапник на светски брендови за спортска опрема Баболат и Ерреа.

Интеко ДООЕЛ Скопје започна со изградба на спортски терени, од моментот на основање со изградбата на првиот тениски комплекс КТК-Скопје, под падините на Водно. Тоа беше првиот успешен проект на нашата компанија за изградба на спортски игралишта.

Горди сме на нашата историја на изградба на спортски комплекси на територијата на нашата држава, но и во Русија, Косово, Србија, Црна Гора и Америка.

Од 2006 година со успешното работење во делот на изградба на спортски терени, тоа стана и наша основна дејност на компанија - монтажа на са сите видови на спортски подлоги. 

 

Во нашата референтна листа можете да ги видите најголемиот дел од подлогите кои ги имаме монтирано:

  • Земјени тениски терени
  • Акрилни спортски подлоги
  • Атлетски стази
  • Тартан подлоги
  • Мулти функционални игралишта
  • Детски игралишта

Сите овие подлоги се со од врвен квалитет за кои поседуваме сертификати и референци од Светските спортски организации, но поседуваме и референца за монтажа на спортските подлоги од италијанскиот бренд Casali, која успешно ја застапуваме од 2008 година, на просторите на Македонија, Косово, Србија, Црна Гора и Албанија.

Нашата компанија и вработени поседуваат сертификат за поставување на подлогите Casali од Италија, Polytan од Германија, Conica од Швајцарија, како и за монтажа на спортска опрема за игралишта  Artisport од Италија и за детски игралишта Kompan, Данска

Компанијата Итеко се занимава и со поставување на детски игралишта и игротеки, обезбедување осветлување за спортски и индустриски објекти, изградба и монтажа на огради околу спортските игралишта. Нудиме совети за одржување на сите спортски површини.

 
 

 

Работно време:
Понеделник - Петок: 08:00 - 16:00
Сабота- Недела: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: https://inteko.mk

fb Instagram

 

 

Read 160 times Last modified on Friday, 02 February 2024 10:57
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org