MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

ЈП БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ Охрид

Wednesday, 17 May 2023 13:07
Rate this item
(0 votes)
  • Адреса: Булевар Туристичка Б1, Охрид, Р. Македонија
  • Контакт: 046 231 535

Јавното претпријатие Билјанини Извори е јавно претпријатие , формирано со одлука на Советот на град Охрид на 28 февруари 2008 година. Неговата основна дејност е да стопанисува со Спортско рекреативниот центар Билјанини извори  и  јавниот паркинг простор.

 

Спортско рекреативниот центар се наоѓа на 695 метри надморска височина, со идеални климатски услови во текот на целата година ( 232 сончеви денови во годината ), лоциран на излезот на Охрид во подножјето на планината Галичица.

 

Инфраструктура што ја поседува Спортско рекреативниот центар овозможува одлични услови за спортско професионално и рекреативно користење на истата,  како и можности за организирање на културни, музички и други алтернативни настани.

 

            Постоечка спортска инфраструктура

 

            Спортска сала Билјанини Извори

 

            Градски стадион Билјанини Извори

 

            Атлетска патека МОНДО

 

            Помошно игралиште со вештачка трева

 

            Отворен Градски базен Атина Бојаџи

 

            Три отворено тениски игралишта на тврда подлога

 

          

 

            За повеќе информации видите на нашата веб страна

 

 

Спортско рекреативниот центар бил домаќин на многубројни спортско-културни манифестации од кои поважни се:

 

    Музичка манифестација Охрид Колинг 2016, 2017

    Фудбалски летен камп на ФК Барселона 2017

    КУП на Македонија во кошарка 2016

    Европско првенство Б дивизија за шени кадети - 2015 година

    Светско првенство во ракомет за шени младинки - 2014 година

    Охрид Трофеј , турнир во кошарка - 2013 година

    Европско сениорско првенство во ракомет за жени - 2008 година

    Светско младинско ракометно првенство за мажи - 2007 година

    Светско кадетско ракометно првенство за жени - 2008 година

    Европско младинско кошаркарско првенство за мажи - 2000 година

    Концерт на Брајан Фери ( Спортска сала ) - 2007 година

    Концерт на Лени Кравиц ( Градски стадион ) - 2008 година

    Концерт на Боб Синклер ( Градски стадион ) - 2009 година

    Концерт на Бјело Дугме ( Градски стадион ) - 2010 година

    Балканско првенство во гимнастика

 

            Јавниот паркинг простор е втората дејност со која стопанисува ЈП Билјанини Извори. Во овој момент ние раководиме со сите јавни паркинзи на територија на Општина Охрид.

 

 

 

        ЈП Билјанини Извори располага со човечки ( искусен професионален кадар ) и машински ресурси ( машина за бусен ) за ваѓање и поставување на бусен како и за комплетно одржување на фудбалски терени и секакви тревнати површини.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 18:00
Саб - Нед: Не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:

fb Instagram

Read 302 times Last modified on Wednesday, 17 May 2023 13:17
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org