MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

ОРИОН ИНЖЕНЕРИНГ ДОО

Wednesday, 30 November 2022 14:10
Rate this item
(0 votes)

 
 Почетокот на ОРИОН ИНЖЕНЕРИНГ датира од 1993 година  кога компанијата  работеше како мала машинска работилница под  друго име.Во почетокот  основна дејност на фирмата беше изработка на резервни делови за земјоделски машини, како и класични машински услуги. Поминувајќи низ разни фази на неповолни и поволни услови во стопанството нашата  инженерско –занаетчиска работилница успеа да се афирмира со својот препознатлив имиџ и да си го најде местото во металската индустрија .
Денес  ОРИОН ИНЖЕНЕРИНГ е  компанија со околу 30 вработени  со тенденција за зголемување на знаењето и бројот и обученоста на вработените,проширување на асортиманот на услугите и производите,освојување на нови сегменти од пазарот и стално усовршување на менаџерскиот тим на фирмата. Главна дејност на фирмата е изработка на резервни делови за индустрија и изработка на алати за лиење пластика,бризгање пластика како и алати за пробивање,виткање и просекување на лимови.Производната програма ја следат и современи машини ( ЦНЦ глодалка, ЦНЦ струг, ЦНЦ ерозимат со жица ) кои овозможуваат квалитетно производство со високопрецизни конструктивни карактеристики. ОРИОН ИНЖЕНЕРИНГ поседува опрема и стручен кадар за проектирање во најсовремени ЦАД-ЦАМ софтвери (MASTERCAM X7) така да изработката на делот или алатот  може да ја спроведи  од идеја до реализација.
 
На чело на компанијата се наоѓа  инженерски тим кој при конструирањето и производството се труди да во што поголема мера ја искористи современата технологија  која обезбедува заштеда на време, зголемена производност  и подобрен квалитет користејки ги современите софтверски пакети и ЦНЦ машинските обработливи центри, а не запоставувајќи ги традиционалните методи на обработка.
 
 
 
 
 
Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 16:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: 

fb Instagram

 

 

Read 512 times Last modified on Wednesday, 14 December 2022 13:26
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org