MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

Зѓими Компани

Thursday, 29 October 2020 13:44
Rate this item
(0 votes)

Зѓими компани е прва приватна компанија за технички преглед и регистрација на моторни возила во Тетово. Официјално започна со работа на 11.05.2009 година. Компанијата ги исполнува сите национални и интернационални стандарди за работа, за: технички преглед на вашето возило, регистрација и многу други услуги.
Нашата компанија ви нуди совршена услуга со пристапни цени, ова е тоа што ја прави нашата компанија да секоја година постепено да се зголеми бројот на нашите клиенти.

Техничкиот преглед на моторните возилата е многу важен за интересот на нашето општество, во поглед на безбедното движење во сообраќајот и заштита од загадување на средината. Техничкиот преглед е задолжителен за сите моторни возила и приколки, освен моторните возила што се употребуваат за работа, што е регулирано со законот за сообраќај.

При техничкиот преглед се прегледува целата опрема која сериски е инсталирана во моторното возило, без потреба од демонтирање на истата. Секое моторно возило кое учествува во сообраќај треба да е технички исправен, со други зборови треба да ги исполни сите критериуми при техничкиот преглед, а за да се врши техничкиот преглед на моторното возило треба да е исправно, чисто и да нема видливи оштетувања.

Нашата компанија се состои од професионален млад тим, подготвени да одговараат на вашите барања и потреби. Главната цел на тимот е да ги исполни сите ваши желби, во рамки на нормалните активности што ги вклучува нашата фирма Зѓими Компани.
Наша обврска е да градиме пријателски однос и да работиме со посебно внимание со секој наш клиент. Се надеваме дека ќе бидете задоволни со нашите понудени услуги и за секаков вид на помош можете да се обратите во нашата компанија.

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 18:00
Саб: 08:00 - 15:00
Недела: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:

fb Instagram

Read 258 times Last modified on Tuesday, 17 October 2023 12:30
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org