Правни застапници

Почетна :: Адвокати | Нотари | Извршители

 e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
 

 

 

 

Бакер Тили Јоанидис (Baker Tilly Joanidis) е независна членка на Baker Tilly International, деветта најголема мрежа на компании активни во сметководство, ревизија и консалтинг услуги ширум светот за 2022 година, согласно податоците од International Accounting Bulleting (IAB) World Survey.Мрежата се состои од 37.000 луѓе во 123 фирми-членки ширум 145 земји во светот.Седиштето на компанијата е во Лондон.
Основната дејност на Бакер Тили Јоанидис е вршење ревизија на финансиските извештаи на мали, средни и големи субјекти, ревизија на консолидирани финансиски извештаи, осигурителни компании и други финансиски инситуции. Покрај ревизија на финансиски извештаи, Бакер Тили Јоанидис е успешна во обезбедување услуги и во други области, како што се: сметководство, менаџмент консалтинг, даночен и финансиски консалтинг, консалтинг за подобрување на системот на сметководствени контроли и сметководствениот систем, платен список, проценки, судско вештачење, итн.

Бакер Тили Јоанидис е ревизорска компанија со кадровски, технички и организациски квалитет, професионално обучена и во рамките на секоја договорена работа. Меѓународните сметководствени станарди (IAC) поставени од Одборот за меѓународски сметководствени стандарди (IASB) и Меѓународните стандарди за финансиско известување (IFAC) се основните стандарди врз кои се базира нашата работа.
Компанијата ги следи принципите на независност, точност и сеопфатност. Почитувањето на овие принципи резултира со целосни и објективни извештаи кои обезбедуваат насоки за нашите клиенти во нивното финансиско и сметководствено работење.

Нашата ревизорска работа се темели на Global Focus – Baker Tilly методологијата која претставува високо ефикасен и ефективен пристап кон законските ревизии, поткрепен со употреба на интелигентен софтвер и паметни регистри за ризик. Ваквата методологија претставува заеднички пристап кој овозможува универзално разбирање на нашите ревизорски политики и ревизорски процедури. Методологијата се прилагодува врз баз на локалните регулаторни барања додека истовремено обезбедува конзистентен, висококвалитетен пристап кон ревизорските услуги насекаде во светот.


Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 16:00
Саб - Нед: Затворено

e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.,  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.bakertilly.mk

fb Instagram  

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org