Правни застапници

Почетна :: Адвокати | Нотари | Извршители

 Ан-си фреш постои од 2005 година.Започнавме како мала семејна фирма со двајца вработени,сега константно сме 7,а имаме и 2 до 3 вонредно вранотени.Наша дејност е откуп на земјоделски продизводи,нивно пакување и дистрибуција низ Неготино и Кавадарци низ маркети,ресторани,кафичи,кујни,хотели...

Исто така Ан-си Фреш има и сопствена пиљара во Неготино за продажба на зеленчук и овошје,како и магацин на големо од каде се складира и потоа се дистрибуира робата низ Тиквешијата.

Секогаш свежо и вкусно....Повелете,ве очекуваме

 Работно време :

Пон-сабота -  06:00 - 15:00h

 Недела не работи

 mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

web:

 

 fbInstagram


Работно време:

Пон - Нед: 00:00 - 00:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:zdnegotino.gov.mk

 

fb Instagram

 

 
Работно време:
 
Понеделник - Сабота:  08:00 - 21:00
Недела: Затворено

 

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
https://www.facebook.com/inteknovadooel.negotino.3/

 fb Instagram

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Работно време:
 
Пон - Саб:        07 : 30 - 20 : 30
 
Нед:                не работиме
 
 
 
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
 
 

 

 

 

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 00:00
Саб - Нед: 08:00 - 00:00

e-mail: 
web:

fb Instagram

Изградбата на училишната зграда на О.У.”Страшо Пинџур” – Неготино, отпочнала во почетокот на 1933год. а била завршена до средината на 1937 год. Зградата била направена со доброволен прилог на парични средства.Во почетокот на 1937/38 учебна година училиштето за прв пат отпочнало со работа, но без име. Во 1941 год. училиштето добило име “Александар Станоев”. Овој некогашен учител е роден во Неготино, каде и малку време учителствувал. По ослободувањето на Македонија во учебната 1945/46 год. името на училиштето се променува од “Александар Станоев” на “Страшо Пинџур”, кој бил најистакнат револуционер и комунист во Тиквешијата, па и во нашата република.Во учебната 1946/47 год. по желба на граѓанството во денешната зграда се отворила гимназија со IV и V клас. Во истите простории на зградата наставата се одвивала во две смени: Прва од I – VII одд. (тогаш трети клас), а другата смена учениците од IV и V клас.За прв раководител на гимназијата бил назначен Круме Кепески – професор, а за раководител на седумгодишното училиште учителот Иван Иванов. Само една учебна година покасно (1948 год.) двете училишта се фузираат како неполна гимназија со заедничко име “Страшо Пинџур”.Училиштето за тоа време развивало голема активност на културно-просветно поле.Поради порастот на бројот на учениците и паралелките во учебната 1985/86 год.започна со работа новодоградениот дел на училиштето со 9 училници, кујна и трпезарија.Под О.У.”Страшо Пинџур” се и 4 подрачни училишта од I – IV одд. во с.Криволак, с.Пепелиште, с.Војшанци и с. Црвени брегови, од каде учениците го продолжуваат основното школување од V – VIII одд. во централното училиште.Училиштето располага со 20 училници, кабинет по техничко образование, информатика, медијатека и библиотека. Во училиштето работи и училишна кујна која опслужува околу 600 ученици.На ниво на училиште во просек се школуваат 1000 ученици распоредени во 41 паралелка и 4 забавишни групи.Во состав на училиштето работи и една паралелка од I – VIII  одд. за деца со посебни потреби. Од пред три години отворена е и паралелка за Дневен престој на ученици од I – IV одд. и истата брои околу 25 ученика.Воспитно – образовната дејност ја реализираат околу 60 наставници кои со својата стручност и професионалност ги подучуваат учениците, ги откриваат нивните способности и им даваат знаење преку редовната настава и воннаставните активности.Современите текови и промени во сите свери на живеење предизвикаа промени и во образованието, традиционалната настава и отстапи место на современата. Наставникот од авторитарен тип на раководител се трансформира во демократски тип, планер и активен истражувач. Додека пак ученикот од пасивен слушател се промени во активен учесник во релизацијата на наставата.Во учебната 1996/97 год. во училиштето почна да се реализира проектот “Чекор по чекор” на институтот отворено општество на Македонија кој е финансиран од фондацијата “Сорос” и работи по програмата на меѓународниот центар за поддршка и образование на децата со седиште во Вашингтон. На почетокот во реализација на проектот беа вклучени две забавишни групи и една паралелка во I одд. Со прифаќањето на оваа програма нашето училиште направи голем чекор напред во осовременувањето на наставно – воспитниот процес. Потоа секоја учебна година сукцесивно се вклучуваа во проектот, а минатата учебна година учениците што го завршија основното образование беа првата генерација ученици што работе по современа методологија која во центарот на училиницата го има ученикот.Продукт од проектот “Чекор по чекор” е програмата “Креативна настава и учење” која веќе три години успешно се реализира во училиштето. За таа цел наставниците посетија неколку семинари и се едуцираа за примена на креативни техники во наставата со цел учениците со повисока мотивација да стекнат квалитетни и трајни знаења.Во училиштето успешно се реализира и проектот “Граѓанско образование” каде што учениците преку концептите одговорност, авторитет, приватност и правда учат за граѓанското општество и ја осознаваат неговата организација.Од октомври 2001 год. училиштето влезе во проектот РУС (родителско училиште соработка) на хуманитарната организација ЦРС (Католичка служба за помош). За потребите на проектот членови од Советот на родители и стручната служба беа опфатени со едукативни семинари на кои се стекнуваа со знаења и умеења за подобрување на условите за работа во училиштето.На 21.03.2002 год. ЦРС одреди гранд од 11000 долари за сменување на вратите, прозорците и пластичниот под на 6 училници во стариот дел на училишната зграда.Во учебната година 2002/03год. училиштето повторно аплицираше до невладини организации за доделување грантови при што беше одобрен проектот за реконструкција на старата училишна зграда од невладината организација УСАИД “Луис Бергер” во висина од 61000американски долари. Реконструкцијата опфати сменување на прозорците, вратите, дрвениот под, скалите, стреите, фасадата, на две училници од новиот дел сменување на пластичен под. Демонтажата исто така беше извршена од родителите и наставниците. Реконструкцијата започна на 07.10.2002 г. а заврши на 27.11.2002 г. кога реконструираната училишна зграда беше свечено предадена на употреба.Поради непречено изведување на наставата учениците учеа во две и три смени.Во училиштето се створија услови за работа за следните 30 години.Оваа година директорот и лидерскиот тим на училиштето.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:

fb Instagram

 

 

АД  ТЕЦ ,,Неготино,, е термоелектрана за производство на електрична енергија, во државна сопственост, регистрирана како самостоен субјект на 09.09.2005 година, согласно Одлуката на Влада на Р.М бр.19-18/89 од 15.05.2005 година со 572.495.000,00 ден. обични акции, во сопственост на едниствениот акционер Влада на Р.Македонија.

Електраната е со инсталирана моќност од 210 МЊ како  втор по големина производен капацитет во Македонија. Основно гориво е мазут, со можност како гориво да се користи и природен гас.  Годишниот капацитет на термоелектраната изнесува 1.200 ГЊх произведена електрична енергија при работа од 7.000 погонски часови. За ова производство се потребни околу 300.000 тони мазут.

Термоелектраната ,,Неготино,, е изградена во периодот од 1974 до 1978 година , со локација на десниот брег на реката Вардар на осум километри низводно од Неготино. Во непосредна близина на ТЕЦ ,,Неготино,, е железничката пруга и автопатот Скопје - Гевгелија како и 400 кВ  трафостаница Дуброво. Површината од 67,1  хектари помеѓу реката Вардар и железничката пруга, каде е сместена електраната, просторно овозможува изградба на енергетски извори до 1.000 МЊ.

Основната концепција била на оваа локација да бидат изградени два блока со моќност од по 210 МЊ, со тоа што изградбата би се одвивала во две фази : првата фаза предвидувала изградба на еден блок од 210 МЊ со сета придружна инфраструктура за два блока ( оџак, црпна станица за разлдна вода, мазутно стопанство, постројки за хемиска подготовка на водата , помошна котлара  ) и втора фаза изградба на втор блок од 210 МЊ. Реализирана е само првата фаза  т.е изградба на постојниот блок од 210 МЊ со сета придружна инфраструктура  така што сега на оваа локација  инфраструктурата овозможува изградба на уште еден блок од 210 МЊ , на погонско гориво мазут, јаглен или гас.
 Во март 1978 год. извршена е првата синхронизација на блокот во електро енергетскиот систем на тогашното ЕСМ.

 

fb Instagram

 

 


Работно време:

Пон - Петок: 08:00 - 16:00
Саб - Недела: не работиме

e-mail:

web: www.negotino.gov.mk

fb Instagram

 

 

ЈП КОМУНАЛЕЦ - НЕГОТИНО
е формиран во 1957 година како "Комунална услуга на организација", која подоцна е трансформирана во "Водна Заедница". Во 1983 година од "Водна Заедница" е пререгистрирана како ЈП "Комуналец" - Неготино.

Во ЈП Комуналец се вработени 101 лице. Структурата на вработените е следна: 9 со висока, 1 со виша стручна, 69 со средно, 23 со нижа стручна опрема (основно образование).

Дејности кои ги реализира “ЈП Комуналец” - Неготино се:
одржување на зелените површини
одржување на хигиена на јавни и прометни површини
одржување на пазарите
погребални услуги
одржување на гробишта и градска капела
собирање и дистрибуција на квалитетна вода за пиење и вода за наводнување на дворни површини
одржување на систем за водоснабдување и одведување на урбани отпадни води
одржување на депонија
прибирање на смет
собирање транспорт и депонирање на комунален отпад

Работни единици:
Водовод и канализација
Комунална хигиена
РЕ Јавни и прометни површини
РЕ Гробишта и капела
РЕ Заеднички служби

 

Работно време:

Пон - Саб: 08:00 - 21:00
Недела: не работиме

e-mail:
web:

fb Instagram

 

 

Среќата во животот е во малите нешта

Секогаш посветени на потребите на потрошувачите!
КИМ е компанија посветена на потрошувачите. Основана во 1999 година, од 100 % домашен капитал, компанијата КИМ, започна со производство на доматен кечап во пакување единствено од 1 кг.

Сега производната програма на КИМ се состои од производство на доматен кечап, мајонез, сок од домати, тартар сос, чоколаден прелив, мармалади како и организирање на производство на печурки, нивно пакување и продажба и дистрибуција на сите погоре спомнати производи.
 
Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 16:00
Саб - Нед: не работиме
 
 
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.kim.com.mk
 
 fb Instagram
  
Page 1 of 2
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org