Правни застапници

Почетна :: Адвокати | Нотари | Извршители

O.У. „Братство-Миѓени“ од Тетово е едно од најстарите во Општината и е основано во далечната 1958 год под името „ Братство-Еднинство“.

Централното училиште е лоцирано во центарот на Тетово на ул. Љ.Б. Пиш, бр.41., но истото има уште 3 училишни згради и тоа една на Спортски Центар, една во Сараќино (подрачното училиште) и најновиот во населбата Дреновец, во Обврзници на училиштето се ученици од населбите „Борис Кидрич“, „Спортски центар“, „Дреновец“ и населеното место Сараќино.

Во училиштетп во далечната 1958 г наставата најпрво се изведувала на македонски и албански од прво до осмо одделение. Покасно започнува настава на турски јазик од прво до четврто одделение. Училиштето од тогаш ша дп денешем ден се развивало и се развива и со постојано зголемување на бројот на паралелките и учениците. Во 1993 година училиштето го менува името во „Братство-Миѓени“.

Денес во него учениците посетуваат настава на: македонски јазик од прво до осмо одделение во Тетово и Сараќино, на албански јазик од прво до осмо одделение во Тетово и до прво до четвто одделение во Тетово. Воспитно образовната работа се одвива во 4 објекта: зградата на централното училиште,Спортски центар, Дреновец и едно подрачно во Сараќино.                 
Зградата на централното училиште располага со 29 училници од кои 11 се мали и адаптирани во кои потешко е да се изведува современа настава поради ограничен простор. Во него се изведува настава на албански јазик од прво до осмо одделение и на турски јазик исто така од прво до петто одделение.

Во новиот училишен објект лоциран на Спортцкиот центар има 8 училници на првиот кат и 2 подрумски простории адаптирани за училници и една просторија за дневен престој.Бо ниб учат ученици од прво до осмо одделение со настава на македонски јазик.

Во подрачното училиште има 6 училници во кои настава се изведува на македонски јазик од прво до осмо одделение и албанкси јазик од прво до петто одделение.     
Во најновиот објект во Дреновец учат ученици од прво до осмо одделение со настава на албански јазик во 18 училници.Во објектот има наставничка сала, канцеларии за пом.директор, за педагог и психолог, библиотека, кабинет по информатика, просторија  за физичко , една котлара, како и просторија за хигиеничарите. Објектот рсполага со голем број на неискористен простор (училници и др. простории).

Наставата се планира да заврши на 10.06.2013 година.Часот трае 40 минути, одделнскиот час 45 минути.Планирани се мин.180 наставни денови, а наставата ќе се одвива според календарот за организација и работа на училиштето. Наставата се одвива во 2 смени и тоа предметна настава започнува од 7,30 часот, а одделенска настава од 13,30 часот.На настава на македонски јазик во прво одделение во градот е во три смени.

Во училиштето е воведено и дежурство од страна на наставниците кои доаѓаат половина час поранои евидентираат настани на денот во посебен дневник.

Со училиштето раководи директор а му помагаат 2 пом.директори. Покрај наставниците во училиштето има еден секретар, еден педагог, еден психолог, еден библиотекар, еден книговодител, технички персонал, котлар и хаусмајстор.

Работно време:
Пон-Пет: 08:00 – 19:00ч.
Саб-Нед: Затворено

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.: www.bm.edu.mk


fb Instagram



 

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org