Правни застапници

Почетна :: Адвокати | Нотари | Извршители

ПРОФИЛ НА АДВОКАТСКА КАНЦЕЛАРИЈА НОВАКОСКИ


I За Адвокатската канцеларија Новакоски

Адвокатска канцеларија Новакоски е основана во 1993 година во Скопје, од страна на Адвокат м-р Александар Новакоски. Од денот на основање, нашата Адвокатска канцеларија има изградено завидна репутација во рамките на оваа држава преку навремено и ефикасно работење на секој предмет на секој клиент поединечно и со максимална посветеност и внимание. Преку напорна работа, добра организација и остварување на силни релации со клиентите, канцеларијата го достигнала успехот кој ги има денес.
Благодарение на нашето разбирање на правото и како истото се применува во однос на предметите на секој клиент посебно, ни овозможува да преземаме специјално изработени дејствија соодветни за предметот за кој станува збор и како резултат на тоа да го одржуваме свежиот пристап кон правната пракса.
Адвокатска канцеларија Новакоски нуди услуги од секој домен на правото со највисок степен на професионалност и ефикасност. Дел од услугите ги опфаќаат: граѓанско право (предмети од областа на имотно, семејно, стварно); Облигационо право (Изготвување на договори, преддоговори, предлог-договори, анекси, изјави, спогодби и др.); Оставина (поднесување на барања за поведување на оставинска постапка, како и совети, вадење документи и помош во оставинската постапка); Постапки за приватизација на земјиште и легализација на бесправно изградени објекти, други постапки пред Агенцијата за катастар на недвижности; Трговско право( стопански предмети); Стечајно право (стечај, ликвидација на фирма ); Регистрација на фирми, секаков вид на промени кај правните субјекти, здруженија на граѓани, претставништва , подружници; Кривично право; Застапување и правна помош на физички и правни лица во судови, правосудни органи, општини, државни институции; Трудово право (изготвување на договори за вработување, менаџерски договори, спогодби за престанок на работен однос, решенија за откажување на договорот за вработување, статути, правилници, одлуки, решенија, пријавување и одјавување на вработени во Агенцијата за вработување на РМ, постапка за вработување на странци, застапување пред судовите во Република Македонија за работни спорови); Управно право (застапување пред министерства, општини, Управен суд на РМ); Право на осигурување (застапување пред осигурителни компании и пред судовите за надомест на штета), како и од други области на правото.
Со нашите клиенти имаме отворена комуникација и соработка во однос на навремено реагирање и решавање на потенцијалните правни и деловни компликации или проблеми кои можат да произлезат од нивното работење и кои можат да бидат штетни за нив или нивнит бизнис.

II За основачот

Адвокатска канцеларија Новакоски е основана од страна на Адвокат м-р Александар Новакоски од Скопје. Тој е одговорен за надгледувањето на планирањето, развитокот, евалуацијата и имплементацијата на организацијата на работата на адвокатската канцеларија. Истиот, во зависност од потребите на предметот, го застапува клиентот пред надлежните судови и институции. Заедно со вработените во адвокатската канцеларија, ги креира и ги постигнува целите и амбициите на адвокатска канцеларија, како и успехот на истата.
Во Адвокатската канцеларија Новакоски има доволен број на адвокати и помошници, како и надворешени експерти со кои соработува за одредени специфични работи од различни области на правото.
Носителот на канцеларијата има извршувано и значајни државни функции, поранешен Генерален секретар на Собранието на РМ, Претседател на Државната изборна комисија на РМ, Претседател на Комисија за односи со правосудни органи при Адвокатската комора на РМ, член на Управниот одбор на Адвокатската комора на РМ, експерт на ОБСЕ и ОДИХР, како и на други институции и невладини организации, домашни и меѓународни, Магистер на меѓународни односи и дипломатија, а и други функции во областа на спортот, член на Управниот одбор на пливачкиот и ватерполо Сојуз на Македонија. 


Со почит,


Адвокатска канцеларија Новакоски

Работно време:

Пон - Пет : 08:00 - 16:00

Саб и Нед : не работи

 mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

web: https://lawofficenovakoski.mk/

 

 fbInstagram

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org