Универзитети | Средни училишта

Почетна :: Универзитети | Средни училишта

 

Работно време:

Пон - Пет: 07:30 - 20:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

         This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.univerzitetkocoracin.edu.mk

fb   Instagram

 

Работно време:

Пон - Пет: 08:00 - 16:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. 
web:

fb   Instagram

 

Работно време:

Пон - Пет: 08:00 - 16:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

         This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:

fb   Instagram

 

Еуро Колеџ е формиран на 11 ноември 2003 година. На 29 ноември колеџот потпиша договор за академска поддршка со North European Studies од Грција, претставувајќи ги програмите на Chartered Management Institute, UK. Од тогаш колеџот соработува со бројни странски универзитети и колеџи: University of London, University of Wales, Kensington College of Business, London City College (UK) и American City University.

Oд 2008 година е акредитиран од страна на Одборот за акредитација на Република Македонија. Еуро Колеџ исто така е и филијала на EDS Professional Academy од Пенанг, Малезија и овластен центар на Institute of Professional Management (ICM), владино тело од Обединетото Кралство.

Еуро Колеџ во октомври 2010 година е добитник на наградата за Европски квалитет како резултат на извонредните постигања во областа на глобалното образование. Во декември 2010, во Виена, Еуро Колеџ ја добива престижната награда „Најдобра компанија“ доделена од Европската бизнис асемблеја, а деканот на колеџот беше прогласен за „Менаџер на годината“.

Во период од само три месеци помеѓу мај и август 2011, колеџот беше акредитиран од две важни акредитивни тела – ИДЕАЛ и ЕДУ.

Еуро Колеџ нуди академски студии од областа на Бизнис менаџментот, но исто така и прилагодливи студии на веќе вработени професионалци во земјата и тоа во областите на туризмотот и угостителството, правото, тргувањето и посредувањето со недвижнини и транспортот и комуникациите.

Од самиот свој почеток колеџот активно работи на воспоставување на меѓународна мрежа на партнерски колеџи и универзитети не само на Балканот туку и во европските земји, во САД и на азискиот континент.

На тој начин колеџот обезбедува македонски и американски додипломски и последипломски студии на локални студенти, но исто така привлекува и меѓународни студенти од други региони да студираат по конкурентни цени.

Меѓународната мрежа исто така им овозможува на студентите да учат барем една година во одредена земја и имаат опција за трансфер на друг партнерски колеџ во друга земја. Од тука, студентот не само што ќе има корист од академското искуство при студирањето за европска или американска квалификација, туку ќе стекне и културолошко искуство со трансферирањето на партнерски колеџ во голем број земји.

Работно време:

Пон - Пет: 08:00 - 16:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.eurocollege.edu.mk

fb   Instagram

 

Работно време:

Пон - Пет: 08:00 - 16:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. 
web:

fb   Instagram

Работничкиот - Народен универзитет Тетово од 2015 со нов назив Отворен граѓански универзитет за доживотно учење - TETOBO ги датира своите почетоци уште во далечната 1959 година. Во текот на нејзиното долго постоење Универзитетот значително придонесе во обуката и преквалификацијата на разни професии и занимања на стотици граѓани од Тетово и Републиката. Со организирање основно образование на  возрасни, разни курсеви за странски jазици, информатика и стручни курсеви за деца, младинци и возрасни, О.г.у-Tетово е институција, која што оди во чекор со новите интереси и потреби на граѓаните, како и на македонскиот пазар за работна сила.

Универзитетот делува како институција за доживотно образование и културен развој на вработените луѓе и граѓаните – особено на возрасните и младите луѓе. Предмет на активностите на универзитетот се состои во широк дијапазон на образование на возрасните, комплексно и постојано стручно социо-политичко и економско, културно-естетско образование, со посебен акцент на обука на вработените и невработените луѓе, возрасните и младите, а се со цел за успешно изведување на нивните функции во своите работни организации, општествените установи и приватниот сектор

На полето на стручното образование, Универзитетот организира подготовка од областа на машинската, електро – техничката струка, медицината и други занимања и професии.

На полето на компјутерското образование Универзитетот одржува курсеви за компјутерски оператори и курсеви за сите други компјутерски јазични програми. По завршувањето на овие едукативни форми учесниците се стручно оспособени за изведување приватен бизнис како и за отпочнување свој сопствен бизнис или наоѓање вработување во адекватни фирми и компаниии во земјата и надвор од неа.

Отворен граѓански универзитет за доживотно учење -TETOBO
Отворен граѓански универзитет за доживотно учење-TETOBO е ориентиран кон модерните и голбални промени што се случуваат од неодамна, ги следи технолошките достигнувања на денешните настани и потреби, и со успех ги инволвира своите учесници во култивирање на социјалните врски и групите од интерес за одредени полиња. Токму затоа ние постојано користиме:

Методи на работа: Основи за интерактивно образование и практична подготовка / настава се одвиваат во совремно опремени кабинети и училници. Образовните програми и проекти се концентрирани во три насоки:

Стручна обука
Преквалификација, подготовка и вонредно средно образование. Целна група: млади луѓе и возрасни кои ги испуштиле можностите за редовно образование и не успеале да го завршат нивното редовно образование

Учење странски јазици
денеска во Универзитетот се организираат курсеи за речиси сите странски јазици. Целна група: деца од предучилишна возрас, тинејџери и возрасни.

Локација
Наставата се одвива во Основните училишта, во просториите на Отворен граѓански универзитет за доживотно учење-TETOBO, специјално опремени пунктови за практична настава низ градот.Работно време: секој работен ден од 07:30 до 22:00

Работно време:

Пон - Пет: 08:00 - 16:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.ogu-tetovo.edu.mk

fb   Instagram

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org