Ресторани

Почетна :: Ресторани

 

Во срцето на Охридското Езеро,
Прекрасен поглед, одлична храна.
Се што е потребно за добар провод со вашите најблиски.
Повелете ве очекуваме...

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 24:00
Саб - Нед: 08:00 - 24:00

e-mail:
web:

fb Instagram

 

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 24:00
Саб -Нед: 08:00 - 24:00

e-mail:
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.:

fb Instagram

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 24:00
Саб - Нед: 08:00 - 24:00

e-mail:
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.:

fb Instagram

Имаме уште една локација која што се наоѓа во Берово

https://maps.app.goo.gl/XrSDSJ5hHdKTzYFV7

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 24:00
Саб - Нед:  08:00 - 24:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.:

fb Instagram

Богатата историја на Ваташа не започнува со нејзиното основање во 1981 година, туку многу порано, многу генерации порано.

Нејзиниот основач (Нејзиниот татко е ) е Сретко Митовски. Тој е роден на 6.11.1931 година во Тетовското село Отушиште. Потекнува од семејство каде што пекарството е генерациски вкоренето.
Тој, на свои 17 години прв пат станува чирак во тогашна “Соко Пекара” во Белград, Србија. Во Соко Пекара за прв пат ќе се соочи со пекарството каде што се произведувало само леб и токму тука ги изучува неговите основи.

На свои 20 години заминува во опслужување на воениот рок во Марибор, Словенија во тогашна ЈНА. За време на опслужување на воениот рок, тој го надоградува своето знаење во пекарството со тоа што работи во воената пекара се до крајот на воениот рок во 1953 година.

По завршувањето на воениот рок во 1954, се вработува во “Жито Леб”, каде што останува само една година.
Во тоа време, сепак печалбарството е сеуште длабоко вкоренето во македонската традиција. Токму поради тоа но и желбата за подобра иднина, Сретко со својот татко Ристо заминуваат за Сомбор, Србија во 1955 година каде што изнајмуваат пекара под кирија и таму останиваат 6 години се до 1961. Во тоа време во Сомбор произведувале исклучиво 2 килски бел леб, кој што бил рачно произведуван и дневно произведувале околу 450 леба. Фурната го добива името “Шар”.

Истата 1961 година заминуваат за Банатско Аранѓелово, Србија каде што пофторно изнајмуваат фурна под кирија и тука се задржуваат се до 1963 година.

Во 1964 година Сретко и Ристо се враќаат во Тетово. Истата година Сретко се вработува во “Жито Лукс” кај старо Кино Вардар на улица Македонија. Во Жито Лукс го примаат на место бурекџија, и со тоа му се укажува за прв пат прилика да го изучи бурекџиството каде што за многу кратко време се вбројува меѓу најдобрите бурекџии. Во Жито Лукс Сретко останува цели 17 години се до 1981 година.

Сепак желбата за отварање на своја приватна фирма никогаш не згаснала.
После долготрајно барање на соодветно место за дуќан, прошетувајќи ја скоро цела Македонија, Сретко на свои 50 години ја отвара фирмата “Ваташа” на 26 Јуни 1981 година во градот Кавадарци.
Поради тоа што дуќанот се наоѓал на самиот пат кој што води до прочуеното кавадаречко село Ваташа, во негова чест фирмата го добива името “Ваташа”.
Со својот неизморлив елан за работа, дисциплината за висок квалитет и имајќи го задоволството на самиот муштерија како основна цел, “Ваташа” за кратко време се прочујува не само во Кавадарци туку и во околните градови. Сретко почнувајќи со своите синови Јордан и Бошко и со простор од 15 метри квадратни и направени 17 бурека првиот ден, за неколку недели достигнува продажба од 100 бурека на ден. Во Кавадарци остануваат се до 1985 година.

Во 1985 година “Ваташа” се преселува од Кавадарци во Скопје. Првиот дуќан во Скопје е отворен во населба Лисиче во тогаш само што изградениот трговски центар, каде што и ден денес се наоѓа. На почетокот се произведува само бурек но по извесно време е почнато и производство на бели пецива.
Сепак поради својот квалитет “Ваташа” брзо станува прочуена во Скопје. Во 1986 година “Ваташа” ги добива и своите први вработени а се до тогаш работат само Сретко со своите двајца синови.
Пекара Ваташа

Пекара Ваташа е фирма која што се протега веќе низ 3 генерации. Пекара Ваташа се создава кога во 1996-та година “Ваташа” се дели во две фирми “Пекара Ваташа” и “Бурекџилница Ваташа”, се со цел за полесно менаџирање на фирмата.

Со доаѓањето на чело на Јордан Митовски на Пекара Ваташа, истата почнува константно да се проширува.

Во 1996-та година е отворена нова локација во населба Аеродром. Истата година се воведува нова палета на производи во Пекара Ваташа, а тоа е слаткарскиот дел, производство на торти и колачи. Од тогаш па се до денес Пекара Ваташа има освоено неколку награди на тортијади во Македонија.

Во 2000-та година Пекара Ваташа отвара повторно нова локација, во населба Ѓорче Петров.

Во 2005-та година Пекара Ваташа отвара уште една нова локација во населба Пинтија. Просториите во населба Пинтија, постануваат централата на фирмата и производствен погон на фирмата.

Истата година се воведува нова палета на производи од асортиманот на лебови. Исто така се започнува и дистрибуција на нашите продукти на целата територија на град Скопје. Сите производи се печат исклучиво на дрва.
Во 2013-та година Пекара Ваташа се преселува од старата локација во населба Лисиче во нова, во истиот трговски центар. Се до тогаш Пекара Ваташа и Бурекџилница Ваташа заеднички ја користат просторијата од прво отворениот дуќан во населба Лисиче.

Во моментот Пекара Ваташа брои околу 35 вработени и околу 400 различни продукти што е доказ за целосната посветеност на фирмата за континуиран развој а пред се за задоволување на потребите на нашите потрошувачи и секогаш нудејки им го највисок квалитет.

Пекара Ваташа била и останува посветена на континурианиот развој токму за ВАС – нашите верни муштерии, имајќи ги како сведок нашите предходни генерации а и сите наредни.

Работно време:
Пон - Нед: 06:00 - 22:00
e-mail:
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.: www.pekaravatasha.mk

fb Instagram

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org