Етно Меана Кај Чомбе
Ресторанот Етно Меана кај Чомбе се наоѓа на влезот на Пробиштип! Во нашата меана ве очекува одлична атмосфера и уникатен амбиент кој ја одсликува историјата и традицијата на нашиот народ, особено на источниот регион. Нашата кујна нуди богат избор на вкусни традиционални јадења, како јагне или јаре под вршник, прасе и кокошки на ражен, ребро во фурна, секаков вид на скара, пастрамајлии, пици и многу други. Нашите специјалитети се подготвени со највисок квалитет на состојките, со особено внимание и љубов.
Исто така нудиме кетеринг услуги за секакви настани, од мекици, родендени до свадби. Нашиот тим се состои од искусни мајстори но и млади енергични лица кои секогаш успеваат да не расположат!
Посетете не и дозволете ни да ве воодушевиме со нашата вкусна храна, амбиент и гостопримство! Ќе ни биде задоволство!
Работно време:
Пон - Нед: 08:00 - 00:00