Ресторани

Почетна :: Ресторани


Гостилница и Ноќевалиште "Извор", сместен во природно опкружување на реката Треска, ви нуди одлична можност за ваша несекојдневна релаксација. Вистинскиот амбиент создаден само за вашите потреби и желби, дава одлична прилика за организација на деловни средби, семејни веселби и туристички посети.
Овој совршено организиран амбиент е надополнет со уште подобри традиционални македонски јадења. Направени од нашите врвни мајстори нема во ниеден момент да ве остават рамнодушни.
Во склоп на објектот се наоѓа хотел, ресторан со летна тераса и летна бавча.
Нашите врвни мајстори на готварскиот занает ќе ви го покажат вистинскот вкус на прекрасните јадења, кои нема да ве остават рамнодушни! Нашето мени е богато со најразновидни јадења и пијалоци, а задоволството кое го пружа на нашите гости е наш приоритет.Овој угостителски објект е изграден покрај самиот брег на реката Треска, во живописната природа на Поречието. Веднаш до ресторанот има два извора со бистра вода, по што и ова место го добило своето име.
Специјалитетот на куќата се рибите. Тука можете да ја пробате најубавата пастрмка во Македонија. Ние имаме свој сопствен рибник, а додека пак пијалоците по природен пат се ладат во изворите, додека вие уживате во жуборот на водата. Освен риба, тука се приготвуваат и сите традиционални македонски специјалитети, како што е скарата, качамак со кисело млеко, зелници, пити, толчени пиперки и разни тави. Местото е опкружено со уникатна природа.
Заинтересираноста на туристите за овој вид на алтернативен туризам е огромна. Околината на ресторанот е прекрасна, посетителите можат да уживаат во прошетките низ шумата, во убавините на реката Треска, да го посетат езерото „Козјак“, пештерските комплекси, манастирот во селото Манастирец посветен на Рождество на Пресвета Богородица. Теренот е исто така погоден и за сите љубители на планинскиот велосипедизам.
Ресторанот „Извор“ е вистински пример како треба да се развива алтернативниот туризам во Македонија. Посетете го ова место и уживајте во прекрасната храна и убавините на Поречкиот крај.

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 24:00
Саб - Нед: 08:00 - 23:30
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.: www.gostilnica-izvor.eu.pn

fb Instagram

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org