Здравствениот Дом во Ресен е одлично организиран, пациентите во секое време ја имаат потребната здравствена заштита, а преку вработувања на медицински кадар и зголемувања на плати на вработените се грижиме тие да бидат мотивирани и успешни во својата работа. Задоволен сум што добро функционира Дневната болница, како нова услуга од декември 2018 година и прва од овој вид во здравствените домови.
Во мобилниот сервис за здравствена и социјална заштита работи тим од 5 вработени. Граѓаните од околните места добиваат здравствена услуга поблиску до домот. Во шестмесечниот период се реализирани се 472 посети.
ЈЗУ Здравствен Дом Ресен е формирана од Владата на Р.М преку ресорното Министерство за Здравство.Работи во договор со Фондот за здравствено осигурување на Р.Македонија. Во рамките на нејзините дејности на околу 17.000 жители на нашата Општина им пружа соодветна здравствена заштита. По својата структура и екипираност нашата установа се вбројува во една од најекипираните здравствени домови во нашата држава.
Во нејзин состав работат:
-Службата за итна медицинска помош
-Одделот за превентивна здравствена заштита на предучилишни и училишни деца
-Одделот за превентивна стоматолошка заштита на предучилишни и училишни деца
-Одделот за специјалистичко-консултативна здравствена заштита
-Биохемиска Лабораторија
-Одделот за Рентген и ехо дијагностика
-родилна сала
-поливалентна патронажна служба
-депо за лекови
-економско-финансиски оддел
Работно време:
Понеделник- Недела : 08:00 до 00:00
email : This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web : http://jzuresen.mmsoft.mk/
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: https://www.demirhisar.gov.mk/jzu-zdravstven-dom.html