Италијанскиот ресторан Воденица-Мулино е сместен во центарот на Скопје во населбата Капиштец. Отворен е од 2003 година и со својата гала кујна е препознатливо место во Република Македонија за љубителите на гастрономијата.Во рамките на ресторанот има вински клуб, и национален подрум кои се одлично место за прослави и коктели, од секаков вид. Исто така има и конференциска сала со капацитет од 140 места.
Шеф на ресторанот е Cavaliere Стојан Филипоски. Тој работел 30 години во италијанскиот град Сенигалија пред да дојде во Скопје. Сега го води ресторанот Воденица- Мулино, основач е на Spizzicotto и на култното скопско бифе Рим-Париз.
Ресторан
Идеално место со пријатен и тивок амбиент за семеен и за бизнис ручек, или вечера.
Има можност за 100 гости внатре и 100 на терасата која е отворена од пролет до есен.
Вински клуб
Винскиот клуб кој е дел од ресторанот работи од 2004. година. Овој простор е совршено место за различни видови на забави, приеми, коктели. Нудиме богат асортиман на домашни и странски врвни вина.
Национален подрум
Националниот подрум е уреден во македонски етно стил и нуди поразлична атомосфера од останатиот дел на ресторанот.
Во подрумот можете да ги вкусите врвните специјалитети на нашата гала кујна.
Конференциска сала
Овој простор е наменет за одржување на конференции, семинари, презенатции, промоции. Располага со капацитет до 140 гости со можност за пренамена според вашите желби и потреби.
Работно време:
Пон - Чет: 08:00 - 24:00
Пет - Саб: 08:00 - 01:00
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.: www.vodenicamulino.com.mk