Ресторани

Почетна :: Ресторани

 

 

Работно време:

Понеделник - Недела: 10:00 - 22:00

 

 e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

 

 

 

 

Пон - Пeт: 07:30 - 18:00
Саб - Нед: 07:30 - 14:00

e-mail: 
web: 

fb Instagram

 

 

 Долга традиција на квалитетен мебел, изберете го најдоброто за Вашиот Дом!
 Шипад Стил
 
 
Пон - Пет:  08:30 - 20:00
Сабота:  08:00 - 19:00

e-mail:   This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.sipadstil.eu.mk

fb Instagram

 

Географска положба

Општина Виница се наоѓа во источниот дел на Македонија и со својата површина од 334 km2 e една од помалите општини. Го зафаќа југоисточниот дел од Виничко - Кочанската котлина. Таа од јужната страна е ограничена со северните падини на планината Плачковица и на исток со падините на планината Голак. Припаѓа на Источниот плански регион. Општинскиот центар се простира помеѓу Виничка и Градечка река, но се шири во сите правци. Покрај градот Виница во Општината има уште 16 населени места. Местоположбата на Општината овозможува добра поврзаност со соседните општини во регионот.

Рељеф

Со својата местоположба во Општината јасно се дефинирани планински, ридски и котлински релјефни структури. На јужната и источната страна доминираат планините Плачковица со највисок врв Лисец 1754 m и Голак со висина до 1000 м. Поради своите карактеристики, на падините на овие планини се одвојува ридестиот релјеф. Рамничарскиот релјеф на Општината е доминантен во северниот и западниот дел и се наоѓа на надморска височина од 390-450 m и ги опфаќа долината на реката Брегалница и дел од Виничко – Кочанската котлина. Карактеристиките на релјефот го дефинираат и развојот на општината, така што во рамничарските предели доминира полјоделството, а додека во повисоките предели доминираат шумите и ливадите кои се основа за дрвната индустрија и сточарството.

Клима

Со својата место положба општината Виница е заштитена од продирање на студени ветрови од север со Осоговските Планини, а од топлите ветрови од јужната страна со Плачковица. Главниот продор на топлите воздушни струи е од Повардарието преку долината на Брегалница. Ова влијание ја дефинира климата како умерено континентална, но околните планини со своето влијание донекаде ја менуваат. Просечната годишна температура изнесува 13 ºС. Најладен месец е јануари со 1,6 ºС, а најтопол јули со 23,5 ºС, преодот од зима во лето е брз како влијание на континенталната клима. Најчесто во општината дува југозападен ветер кој е топол и благ, како последица на продирање на топлите воздушни струи од Повардарието и најизразен е во пролетните и есенските месеци. Покрај овој ветер често се јавува и северозападен ветер кој е постуден, а нај изразен е во март. Според метеоролошките податоци просечно годишно во Виница има околу 530 mm врнежи, при што доминантен е дождот со учество од 90 %. Најврнежлив месец е мај додека најсув е август. Конфигурацијата на теренот и климатските влијанија овозможуваат да има само 7 магловити денови во годината.

Население

Во текот на времето, откако се водат пописи во државата, бројот на население постојано варира поради социо – економските промени во општеството, така да до 1961 година населението се намалува поради иселување на населението од Општината, а потоа расте градското население, но за цело време се чувствува миграција село – град и иселување на населението во поголемите градови и во странство. Поради тоа во периодот 1995-2005 се јавува повторно намалување на населението и во 2005 година во општината живееле околу 19000 жители, од кои во градот живеат околу 10000. Според образование доминира население со средно и пониско образование. Главен проблем во општината е големата невработеност која изнесува дури 46% од работоспособното население и заради тоа се потребни интензивни активности да се подобрат условите за нови вработувања.

Стопанство

Населението во општина Виница претежно се занимава со земјоделие, додека во градот доминираат неколку индустриски објекти од различни сектори и услужните дејности. Главни индустриски капацитети во Виница се: Фабриката за градежни материјали „Тондах“, Текстилните фабрики „Трико“, „Винка“ и „Виничанка“, дрвно преработувачките капацитети „Мебел – Ви“ и „Мебел Трејд“, прехранбената индустрија „Винчини“ и други помали капацитети.

Развој на градот Виница е темели на обнова и реконструкција на постојната индустрија и на поголема застапеност на услужните дејности. Планирани се изградби на нови стопански капацитети од мало и средно стопанство, со создавање на услови за траен и одржлив стопански развој.

Културно наследство

Во општина Виница најпознат археолошки локалитет е Виничкото Кале каде се пронајдени автентични теракотни икони од ранохристијанскиот период и пленат со својата оригиналност. За зачувување на културното наследство за потребите на ГУП на градот, изработен е Елаборат од страна на Националниот конзерваторски центар – Скопје, Заштитно конзерваторски основи на недвижно културно наследство. Археолошкото наоѓалиште е надвор од планскиот опфат на предметниот ДУП за Блок 12. Општината Виница спаѓа во редот на неоптоварени средини во однос на животната средина, како резултат на малиот број на жители, незастапеноста на тешка индустрија, климатските фактори и секако грижата за животната средина.

 

fb Instagram

 

 

Работно време:

Пон - Саб: 08:00 - 21:00
Недела: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

web:

fb Instagram

 

 

Хотел Центро – Бизнис 92 е лоциран во источниот регион на Република Северна Македонија, во мирна и тивка средина, на само 1,5 км од центарот на градот Виница . Опкружен со природна убавина, хотелот нуди пријатен престој, одмор, забава и рекреација преку целата година.

Сместувачкиот капацитет на хотелот се состои од 75  луксузни соби, (еднокреветни, двокреветни, трокреветни соби и апартмани). Собите имаат и тераси со спектакуларен поглед кон блиската планина и котлина и убаво уредениот парк.

Сите соби се опремени со: • Безжичен интернет • Кабловска телевизија • Мини бар

Хотел Центро Бизнис 92 Виница обезбедувајќи квалитетна услуга во топла и гостопримлива средина на своите гости им гарантира комфорен и пријатен престој. Уживајте во различните вкусови на традиционалната македонска и интернационална храна подготвена од нашите врвни кувари.

Хотелот Центро Бизнис 92 располага со сала и игротека, за вашите најмили  за организирање на секаков вид свечености за вашите најважни моменти  како свадби,родендени,службени семинари и многу други семејни свечености  со капацитет до 500 (петстотини ) гости.


 

Работно време:

Пон - Пет: 07:00 - 24:00

Саб - Нед: 09:00 - 02:00

 

 

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.: www.hotelcentrobiznis.com.mk

https://www.facebook.com/HotelCentroBiznis?mibextid=LQQJ4d

https://instagram.com/hotelcentrobiznis?igshid=MzRlODBiNWFlZA

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org