Ресторани

Почетна :: Ресторани

Етно ресторан Куќа на Мијаците

Monday, 20 April 2020 18:54
Rate this item
(1 Vote)

 

Етно-ресторанот „Куќа на Мијаците“ се наоѓа во историски најзначајниот крај на Р. Македонија, во славната Мијачија, која ги дала најзначајните македонски народни будители, општествени дејци, духовници, писатели, градители, уметници...

Тука, впрочем, започнала македонската националната пробуда, тука биле отворени првите народни училишта, тука бил и зародишот на современата македонска држава. Напојувано од бистрите води на православната христијанска вера, славјано-македонското племе Мијаци оставило голем и траен белег на духовната култура на македонскиот народ, што, пак, силно се одразило и на материјалната култура. Токму затоа, „Куќата на Мијаците“ изградена целосно во духот на традиционалната мијачка архитектура...“.

Се смета дека славното славјано-македонското племе Мијаци, потекнува од некој древен царски или благороднички род.

Напојувани од бистрите води на православната христијанска вера, тие оставиле голем и траен белег на духовната култура на македонскиот народ, што, пак, силно се одразило и на материјалната култура. До ден денес надалеку се прикажува за посебно убавата мијачка архитектура, за уникатната аристократска мијачка носија, за раскошните народни мијачки обичаи... А тука е, секако, и традиционалната мијачка храна, препознатлива по гурманскиот префинет вкус.

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 24:00
Саб - Нед: 08:00 - 23:30
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.:

fb Instagram

Read 389 times Last modified on Monday, 20 April 2020 19:02
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org