Јавното претпријатие Билјанини Извори е јавно претпријатие , формирано со одлука на Советот на град Охрид на 28 февруари 2008 година. Неговата основна дејност е да стопанисува со Спортско рекреативниот центар Билјанини извори и јавниот паркинг простор.
Спортско рекреативниот центар се наоѓа на 695 метри надморска височина, со идеални климатски услови во текот на целата година ( 232 сончеви денови во годината ), лоциран на излезот на Охрид во подножјето на планината Галичица.
Инфраструктура што ја поседува Спортско рекреативниот центар овозможува одлични услови за спортско професионално и рекреативно користење на истата, како и можности за организирање на културни, музички и други алтернативни настани.
Постоечка спортска инфраструктура
Спортска сала Билјанини Извори
Градски стадион Билјанини Извори
Атлетска патека МОНДО
Помошно игралиште со вештачка трева
Отворен Градски базен Атина Бојаџи
Три отворено тениски игралишта на тврда подлога
За повеќе информации видите на нашата веб страна
Спортско рекреативниот центар бил домаќин на многубројни спортско-културни манифестации од кои поважни се:
Музичка манифестација Охрид Колинг 2016, 2017
Фудбалски летен камп на ФК Барселона 2017
КУП на Македонија во кошарка 2016
Европско првенство Б дивизија за шени кадети - 2015 година
Светско првенство во ракомет за шени младинки - 2014 година
Охрид Трофеј , турнир во кошарка - 2013 година
Европско сениорско првенство во ракомет за жени - 2008 година
Светско младинско ракометно првенство за мажи - 2007 година
Светско кадетско ракометно првенство за жени - 2008 година
Европско младинско кошаркарско првенство за мажи - 2000 година
Концерт на Брајан Фери ( Спортска сала ) - 2007 година
Концерт на Лени Кравиц ( Градски стадион ) - 2008 година
Концерт на Боб Синклер ( Градски стадион ) - 2009 година
Концерт на Бјело Дугме ( Градски стадион ) - 2010 година
Балканско првенство во гимнастика
Јавниот паркинг простор е втората дејност со која стопанисува ЈП Билјанини Извори. Во овој момент ние раководиме со сите јавни паркинзи на територија на Општина Охрид.
ЈП Билјанини Извори располага со човечки ( искусен професионален кадар ) и машински ресурси ( машина за бусен ) за ваѓање и поставување на бусен како и за комплетно одржување на фудбалски терени и секакви тревнати површини.
Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 18:00
Саб - Нед: Не работиме
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:
Пон - Пет од 07:00 до 15:00
Саб-Нед: не работиме
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: