MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

Нашата компанија се бави со набавка, продажба и транспорт на секакви материјали поврзани со водовод и канализација.
Иако како самостојна фирма постоиме од 2015, почетоците на фирмата датираат од 2002 година, како подружница на Ане Компани МБ – Тетово.

Во асортиманот на производи кои ги нудиме можете да најдете висококвалитетни цевки, фитинзи, вентили, сливници и дополнителни материјали за одвод и довод во сите димензии од повеќе различни производители.
Магацинскиот простор од 2000m2 дозволува чување на голема залиха од речиси сите производи, па така се што ви е потребно е брзо и лесно достапно.

Лоцирани сме во Скопје, на 5км од центарот на градот, но вршиме достава како во Скопје, така и низ цела Македонија.
Нашиот стручен тим со долгогодишно искуство може да ви помогне при изборот на најсоодветен програм и димензија за вашите потреби.
 
Работно време:
Пон - Саб: 08:00 - 16:00
Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:

fb Instagram

 

 

  Нашето друштво СВАРОГ ДООЕЛ Прилеп, се занимава со услуги, производство, дизајн и машинска обработка на различни машински компоненти и производи од метал (железо, алуминиум, бакар, месинг, алатни челици и др.), материјали од пластика, бакелит, плексиглас, и други материјали.
Нашите активности и услуги поточно опфаќаат: ЦНЦ стругање и глодање на ЦНЦ Машини, Сечење (гравирање и сл.) на Хибриден ласер, општи драрски работи (стругање и глодање) на универзали дребонзи и фрези, Брусење, Гравирање, Штанцање на преса, Термичка обработка, Машино-браварски услуги, заварување и останати слични машински работи и услуги.

Значајно е да се напомене дека нашите клиенти генерално се странски инвестиции кои ги пласираат своите финални производи исклучиво за извоз и се во најрентабилните и најзначајните компаниии во Прилеп.

Друштвото за тие цели ангажира техничари, дизајнери и инжинери со соодветно искуство кои на своите комитенти покрај производство, дизајн и машинска обработка на специјалните компоненти, им нудат техничка поддршка и унапредување на сите процеси од нивното производство и работа.
Нашиот пристап и посветеноста на целокупниот тим ни обезбеди капацитет и можност постојано да развиваме и да нудиме нови производни и услужни решенија согласно барањата на сите идни потенцијални клиенти.
 
 
Работно време:
Пон - Саб: 07:00 - 15:00
Нед: не работиме
 
 
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.svarog.com.mk
 
 
  
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org