ФРОТИРКА компани АД Делчево е формирана на 31.06.1961 година како фирма во изградба, а со редовно производство има започнато во 1966 година. Во периодот од отпочнувањето со работа како државно претпријатие па се до приватизацијата фирма имала свои растови и падови. ФРОТИРКА компани АД Делчево е приватизирана на 19.12.2000 година т.е. купена е на берза и потполно е приватизирана.
ФРОТИРКА компани АД Делчево спаѓа во рангот од средни претпријатија со вкупен број на вработени од 400 работници. Фротирка компани АД има производен програм од предиво до готов производ и тоа припрема на предиво, боење на предиво, ткаење, боење и доработка на фротир ткаенини, конфекционирање на сите видови фротир производи.
Нашите производи се познати по квалитет на нашите купувачи во Европа и тоа: Германија, Хрватска, Србија и Црна Гора, Австрија, Украина, Унгарија, Босна и Херцеговина, Швајцарија, Грција и други земји. Годишниот капацитет на фабриката е преработка на са. 1.000 т памучно предиво во ткаени и плетени фротир производи.
Контакт телефони:
033 411 890 - ком. Директор
033 411 739 - комерцијала
Работно време:
Пон - Пет: 07:00 - 15:00
Саб - Нед: не работиме
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: