Нашата приказна започна во 2005 та год. кога е основана Дента лукс Радовиш. Континуирано следејќи ги светските трендови во стоматологијата, прераснавме во модерно уреден Стоматолошки центар во Источна Македонија и во 2011 та година основана е Дента лукс- специјалистичка ординација по ортодонција, која претставува наша примарна гранка. 2012 та година започнавме со работа со нашиот најсовремено опремен Стоматолошки рентген панорамикс кабинет.
2014 та година ја отворивме нашата нова локација во Скопје, која прерасна во модерен Стоматолошки центар комплетно уреден со најсовремени рентген апарати и најсовремена стоматолошка апаратура. Во Дента лукс Скопје можете да ги добиете комплетно сите стоматолошки услуги на едно место, а наша примарна гранка е ортодонцијата.
Во Стоматолошките центри во Радовиш и Скопје работи високо стручен кадар кој континуирано се едуцира во земјава и странство.
Спец. Др. Ксенија Јанкова
-специјалист по ортодонција
и сопственик на стоматолошките центри во Скопје и Радовиш.
Завршила средно медицинско училиште во МУЦ Др. Панче Караѓозов насока забен техничар 1995 год. , а потоа Стоматолошки факултет во Скопје 2001 год. Од 2002-2005 работи како доктор по општа стоматологија во Здравствен дом Радовиш и во одделот за детска и превентивна стоматологија.
2005 та година ја основа ПЗУ ДЕНТА ЛУКС Радовиш. Започнува специјализација по орална хирургија, а потоа продолжува на специјализација по ортодонија и истовремено е и на магистерски студии, а во 2011 та година завршува специјализација по ортодонција на Стоматолошки факултет Скопје и ја основа Дента лукс-специјалистичка ординација по ортодонција.
2014 та година ја основа Дента лукс Скопје комплетно уредена по сите светски стандарди.
Континиирано се едуцира во земјава и ширум европските земји стекнувајќи се со огромно искуство од клиничката пракса и безброј иновативни и современи решенија. Присуствувала на безброј Европски и Светски Конгреси и се стекнала со безбројни Сертификати и Признанија.
Во 2016 та год. е Добитник на наградата-Најуспешна жена претприемач во Источен и Југоисточен регион.
Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 20:00
Саб: 08:00 - 15:00
Нед: не работиме
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
https://www.dentalux.mk/mk/home/employees
https://www.facebook.com/dentaluks/?locale=mk_MK
30 години постоење, 30 години искуство, преку 500,000 задоволни пациенти.
За Нас
Приватната стоматолошка амбуланта Близнак Дент предводена од страна на Д-р Љубомир Коцевски основана е меѓу првите приватни стоматолошки амбуланти во Тетово. Со своето досегашно 30 годишно работење, 30 годишното искуство и со големиот број задоволни пациенти Близнак Дент доспеа до врвната Стоматологија, како на локално така и на државно ниво.
Целта на работењето е пружање на врвна стоматолошка услуга од страна на едуцираниот и искусен тим, преку континуирана едукација и примена на најсовремени методи и техиники како и примена на најсовремени и квалитетни материјали да бидат задоволени потребите на секој пацијент.
Покрај стоматолошката дејност, Близнак Дент поседува и сопствена заботехничка лабараторија насочена кон комплетна грижа во доменот на претклиничката и клиничката мобила и фиксна протетика. Стручниот тим во заботехничката лабараторија која е во склоп на самата стоматолошка амбуланта овозможува директна стручна комуникација Стоматолог - Забен техничар во однос на професионален пристап кон секој пациент а со цел за поуспешен третман на секој пациент.
Поимот најсовремени материјали и најсовремена опрема во нашата амбуланта е реалност, а тоа го докажуваме со фактот дека сме првата стоматолошка амбуланта со заботехничка лабараторија која во државата го имплементираше CAD CAM системот на SIEMENS Sirona: InLab MC X-5 како и фактот дека сме меѓу првите амбуланти кои имплементираше 3D принтер во својата заботехничка лабараторија. Нашата визија е имплементација на најсофистицираните технолошки процеси во стоматологијата и да го подигнеме квалитетот на повисоко ниво.
Стручниот тим на Близнак Дент е составен од 18 професионални медицински лица од кои 8 стоматолози, 6 стоматолошки сестри и 4 забни техничари.
Тимот на стоматолози, покрај доктори по дентална медицина вклучува и специјалисти по ендодонција и реставративна стоматологија, орална хирургија и имплантологија како и ортодонција, нудејќи широка палета на професионални стоматолошки и специјалистички услуги кои можете да ги добиете во нашата амбуланта.
Пон - Саб: 08:00 - 18:00
Недела: не работиме
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: http://biodentdrrasko.com/
ПЗУ,, Д-р Марија Караниколова” e основана 2007 година од страна на д-р Марија Караниколова.
Ординацијата има склучено договор со фондот за здравствено осигурување. Воедно, ги следи сите најсовремени новитети од областа на стоматологијата. Нашите пациенти добиваат навремена, стручна и квалитетна услуга.
Работно време:
Пон - Пет: 09:00 - 20:00
Саб - Нед:не работи
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:
ПЗУ Заридент е стоматолошка ординација која ги прати сите најсовремени методи од областа на стоматологијата. Стручниот тим на ПЗУ Заридент на чело со Д-р Татјана Кузмановска – доктор по стоматологија, Ви ги овозможува следните здравствени услуги:
• Пломбирање на заби со најсовремени композити
• Ендодонтски третмани на забите
• Вадење на заби
• Чистење на забен камен и полирање
• Белеење на заби
Најсовремени протетски услуги:
• Коронки и мостови (безметална и метална керамика)
• Естетски ламинати
• Инлеи
• Современи визил протези
• Тотални протези
Имаме Договор со Фондот - работиме со сини картони.
Искуството на овој тим, Ви стои на располагање да Вашите желби ги претвори во реалност.
Работно време:
Пон - Пет: 09:00 - 21:00
Сабота: 09:00 - 14:00
e-mail:
web:
Работно време:
Пон - Пет: 09:00 - 20:00
Сабота: 09:00 - 17:00
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: