Еко Циркон е претпријатие за откуп и преработка на секундарни суровини (железо, алуминиум, бакар, олово, бронза, месинг, и други) од технолошки и индустриски отпад, како и ископ со тешка механизација.
Суровини:
• Алуминиум
• Бакар
• Месинг
• Акумулатори/Олово
• Железо
Еко Циркон откупува суровини од сите индустриско технолошки капацитети во Република Македонија, како и од физички и приватни лица. По откупот, материјалите се подложени на селектирање и сепарација, по што следи нивно пресување, пакување и испорака до индустриските капацитети во Македонија и странство, пропратено со сите активности и документација за транспорт и извоз.
Компанијата е регистрирана во 1997 година. Компанијата е основана со личен приватен влог и основни средства во сопственост на оснивачите. Во првите години од своето работење, целокупните приходи се реинвестирани во развојот на компанијата, во подобрување и опремување. Денес компанијата располага со сопствен складишен простор од 17.000 м2 отворен простор, како и 4 магацини, хали, гаражен простор и административен простор со вкупна површина од повеќе од 500м2, како и сета потребна машинерија за извршување на секојдневните активности. Бројот на вработени во ЕКО ЦИРКОН, континуирано се зголемува поради работните побарувања, обемот на активности како и постојаното тежнеење за повисок квалитет на услуги.
Нашата компанија работи водена од стоги технички критериуми и услови, овозможувајки максимална заштита и висококвалитетни услови за работа на своите вработени. Компанијата поседува тешка градежна механизација како и обучен способен кадар подготвен да одговори на сите барања за ископ и конструкциски работи.
Во оваа прилика, би сакале да им се заблагодариме на сите партнери и соработници кој директно или индиректно овозможија Еко Циркон да се вброи меѓу 200-те најуспешни компании во Република Македонија.
Работно време:
Пон - Пет: 07:00 - 15:00
Саб - Нед: не работиме
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: