MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

Работно време:
Пон - Пет: 07:30 - 15:30
Саб - Нед: Не работиме

email : This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:

fb Instagram

 

 

Оновно училиште „Страшо Пинџур“ (официјално: Основно општинско училиште „Страшо Пинџур“ - Вевчани; скратено: ООУ „Страшо Пинџур“) — централно основно училиште во селото Вевчани. Училиштето се наоѓа надвор од селото, на патот кон соседното село Октиси.Училиштето е именувано по истакнатиот македонски народен херој Страшо Пинџур.

Официјално, првото основно училиште во селото Вевчани било отворено во 1835 година.[2]

 

Вевчанци во 1834 година се избориле за дозвола од турските власти за изградбата на црква и отворање црковно училиште. Работело во ајатите на Долнацрква. Првите учители требало децата да ги учат на грчки јазик, но ја користеле само грчката азбука, а со децата работеле на македонски народен јазик. Биле плаќани во натура од самото население, најчесто со жито.

 

Во 1868 година била изградена училишна зграда во дворот на Горна црква, која се состоела од две поголеми училници и една канцеларија.

Наставниот јазик во училиштето се менувал многупати, па така се предавало на грчки, на бугарски, на српски, и на крај на македонски наставен јазик.

Во периодот 1890-1899 година, во Вевчани работело женското училиште „Надежда“.

Во 1931 година била изградена нова училишна зграда, во која денес се наоѓа Здравствениот дом. Истата за време на Втората светска војна била опустошена и онеспособена да ја обавува својата функција.

Од октомври 1944 година наставата се изведува на македонски јазик.

Во февруари 1945 година го добива името на народниот херој, Страшо Пинџур.

Во периодот 1947-1948 година, вевчанци со свои средства и доброволна работна рака повторно изградиле училишна зграда за своите деца.

Во учебната 2013/14 година било пуштено во употреба новото училиште, сместено на патот кон соседното село Октиси, која конечно ја заменило старата и дотраена повоена градба изградена од вевчанци.[3]

 

Основното училиште ги има освоено следниве награди:

 

во учебната година 1957/58 како едно од петте експериментални училишта во Македонија за реформирана настава ја добило првата републичка награда;

во учебната година 1985/86 ја добило општинската Осмоноемвриска награда; и

 

во учебната година 1992/93 било прогласено за најдобро основно училиште во Македонија, од страна на Синдикатот на просветните работници, а по предлог на Педагошкиот завод на Македонија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Раб
отно време:
Пон - Пeт: 
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: 

fb Instagram

 

 

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org