MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

 

Општи Карактеристики

Општина Дебрца географски му припаѓа на Охридско-Преспанскиот базен и се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија. Највисоката точка на општината е на 2.242 м надморска висина, а најниската е на 697 м надморска висина. Зафаќа површина од 424 км2, со вкупно 30 населени места и население од 5507 жители. Седиштето на општината е во с.Белчишта.

Историја

Историски гледано уште  пред  Народноослободителната  борба,  за време на Кралството Југославија,на  територијата  позната  како  Дебрца,  покрај  другите  општини  фигурира  и  општината  Белчишта .

После  ослободувањето  на  земјата,  на  територијата  на  Дебрца  дејствуваат  Белчишки, Слатински и Сливовски  местен  народен  одбор,  од  кои  во  септември  1955  година  се  формира  општината  Белчишта,  која  функционира  до  јануари  1965  година  кога  е  припоена  во  рамките  на  општина  Охрид .

Како посебна територијална и административна целина Општината Белчишта е обновена со Законот за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа (“Сл. весник на РМ бр. 49/96),со вкупно 24 населени места во својот состав.

Поранешната општина Мешеишта,исто така е обновена со Законот за територијалната поделба од 1996 година, со 6 населени места во својот состав (Мешеишта,Оровник,Горенци,Требеништа, Волино и Климештани). Општина Мешеишта постоела и  за време на Кралството Југославија, со шесте населени места во својот состав и Подмоље, Сирула и Ливоишта.

После ослободувањето на земјата на ова подрачје дејствуваат Мешеишкиот и Требенишкиот местен народен одбор. Во 1952 година се формира општина Мешеишта со селата Мешеишта, Климештани, Корошишта и Џепин. Од 1955 година до 1965 година населените места од а Општина Мешеишта влегуваат во составот на Општината Струга, а од 1965 година во составот на Општината Охрид, каде административно-територијално припаѓаат до 1996 година.

Со новата организација на територијалната поделба во 2004 година, кон општина Белчишта е соединета општина Мешеишта и е основана нова општина Дебрца,со триесет населени места во својот состав и со седиште во Белчишта.

Областа Дебрца е позната и под името Славна Дебрца поради своето славно минато исполнето со хероизам и борба за слобода на Македонија. Уште во периодот на турското ропство во Дебрца крстосувале многу ајдутски и комитски чети. Во времето на ајдутството, пред организираниот вооружен и револуционерен отпор на македонскиот народ, во почетокот и средината на XIX век во оваа област живеел и дејствувал Кузман Капидан, македонски народен јунак и војвода, опеан во народните песни, но и песните на Григор Прличев. Во времето на организираниот револуционерен отпор кон крајот на XIX и почетокот на ХХ век, во Дебрца многу често престојувал и охридскиот војвода Христо Узунов. Токму Дебрца, била најсилното жариште во Охридско, во времето на Илинденското востание во 1903 година. Многупати селата во Дебрца биле недостапни за турските арачлии поради што многу од селата повеќепати претрпувале палења и горења до темел (пр. Сливово и Мраморец).

Дебрца особено е прославена од периодот на Втората светска војна по неколку настани. На Славеј Планинана 18 август 1943 е формиран првиот македонски партизански баталјон „Мирче Ацев“, а истата година неколку недели Дебрца ќе биде првата и единствена слободна територија во Македонија за време на НОБ. Првата македонско-косовска народноослободителна бригада е формирана во селото Сливово на 11 ноември 1943година. Во с. Издеглавје бил одржан Првиот свештенички собир, на кој било иницирано формирањето на МПЦ. Во близина на селата Сошани и Велмеј работела и партизанската болница за време на Втората светска војна.

 
 
Работно време:

Пон - Петок: 08:00 - 16:00
Саб - Недела: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

web: www.debrca.gov.mk

fb Instagram

 

 

Работно време:

Пон - Саб: 08:00 - 21:00
Недела: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:

fb Instagram

 

 

 
 
 
Работно време:

Пон - Петок: 08:00 - 16:00
Саб - Недела: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.opstinagpetrov.gov.mk

fb Instagram

 

 

 

Географска положба

Општина Виница се наоѓа во источниот дел на Македонија и со својата површина од 334 km2 e една од помалите општини. Го зафаќа југоисточниот дел од Виничко - Кочанската котлина. Таа од јужната страна е ограничена со северните падини на планината Плачковица и на исток со падините на планината Голак. Припаѓа на Источниот плански регион. Општинскиот центар се простира помеѓу Виничка и Градечка река, но се шири во сите правци. Покрај градот Виница во Општината има уште 16 населени места. Местоположбата на Општината овозможува добра поврзаност со соседните општини во регионот.

Рељеф

Со својата местоположба во Општината јасно се дефинирани планински, ридски и котлински релјефни структури. На јужната и источната страна доминираат планините Плачковица со највисок врв Лисец 1754 m и Голак со висина до 1000 м. Поради своите карактеристики, на падините на овие планини се одвојува ридестиот релјеф. Рамничарскиот релјеф на Општината е доминантен во северниот и западниот дел и се наоѓа на надморска височина од 390-450 m и ги опфаќа долината на реката Брегалница и дел од Виничко – Кочанската котлина. Карактеристиките на релјефот го дефинираат и развојот на општината, така што во рамничарските предели доминира полјоделството, а додека во повисоките предели доминираат шумите и ливадите кои се основа за дрвната индустрија и сточарството.

Клима

Со својата место положба општината Виница е заштитена од продирање на студени ветрови од север со Осоговските Планини, а од топлите ветрови од јужната страна со Плачковица. Главниот продор на топлите воздушни струи е од Повардарието преку долината на Брегалница. Ова влијание ја дефинира климата како умерено континентална, но околните планини со своето влијание донекаде ја менуваат. Просечната годишна температура изнесува 13 ºС. Најладен месец е јануари со 1,6 ºС, а најтопол јули со 23,5 ºС, преодот од зима во лето е брз како влијание на континенталната клима. Најчесто во општината дува југозападен ветер кој е топол и благ, како последица на продирање на топлите воздушни струи од Повардарието и најизразен е во пролетните и есенските месеци. Покрај овој ветер често се јавува и северозападен ветер кој е постуден, а нај изразен е во март. Според метеоролошките податоци просечно годишно во Виница има околу 530 mm врнежи, при што доминантен е дождот со учество од 90 %. Најврнежлив месец е мај додека најсув е август. Конфигурацијата на теренот и климатските влијанија овозможуваат да има само 7 магловити денови во годината.

Население

Во текот на времето, откако се водат пописи во државата, бројот на население постојано варира поради социо – економските промени во општеството, така да до 1961 година населението се намалува поради иселување на населението од Општината, а потоа расте градското население, но за цело време се чувствува миграција село – град и иселување на населението во поголемите градови и во странство. Поради тоа во периодот 1995-2005 се јавува повторно намалување на населението и во 2005 година во општината живееле околу 19000 жители, од кои во градот живеат околу 10000. Според образование доминира население со средно и пониско образование. Главен проблем во општината е големата невработеност која изнесува дури 46% од работоспособното население и заради тоа се потребни интензивни активности да се подобрат условите за нови вработувања.

Стопанство

Населението во општина Виница претежно се занимава со земјоделие, додека во градот доминираат неколку индустриски објекти од различни сектори и услужните дејности. Главни индустриски капацитети во Виница се: Фабриката за градежни материјали „Тондах“, Текстилните фабрики „Трико“, „Винка“ и „Виничанка“, дрвно преработувачките капацитети „Мебел – Ви“ и „Мебел Трејд“, прехранбената индустрија „Винчини“ и други помали капацитети.

Развој на градот Виница е темели на обнова и реконструкција на постојната индустрија и на поголема застапеност на услужните дејности. Планирани се изградби на нови стопански капацитети од мало и средно стопанство, со создавање на услови за траен и одржлив стопански развој.

Културно наследство

Во општина Виница најпознат археолошки локалитет е Виничкото Кале каде се пронајдени автентични теракотни икони од ранохристијанскиот период и пленат со својата оригиналност. За зачувување на културното наследство за потребите на ГУП на градот, изработен е Елаборат од страна на Националниот конзерваторски центар – Скопје, Заштитно конзерваторски основи на недвижно културно наследство. Археолошкото наоѓалиште е надвор од планскиот опфат на предметниот ДУП за Блок 12. Општината Виница спаѓа во редот на неоптоварени средини во однос на животната средина, како резултат на малиот број на жители, незастапеноста на тешка индустрија, климатските фактори и секако грижата за животната средина.

 

fb Instagram

 

 

 
 
Работно време:

Пон - Петок: 08:00 - 16:00
Саб - Недела: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.opstinabosilovo.gov.mk

fb Instagram

 

 

 
 
Работно време:

Пон - Петок: 08:00 - 16:00
Саб - Недела: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.bogdanci.gov.mk

fb Instagram

 

 

 
 
Работно време:

Пон - Петок: 08:00 - 16:00
Саб - Недела: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.opstinajegunovce.gov.mk

fb Instagram

 

 

Page 3 of 3
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org