MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

Општина Карбинци се наоѓа во источна Македонија,  во подножјето на планината Плачковица и  е оддалечено 13 километри од градот Штип. Oпштина Карбинци зафака површина од 229,7м2 и ја сочинуваат 29 населени места.Општина Карбинци е доста е богато со житни и градинарски култури. Општина Карбинци се карактеризира со релативно чиста животна средина, од причини што поголеми извори на загадување на воздухот, водите и почвата нема лоцирано во самата општина. Природните услови одат во прилог на можноста за одгледување на сите полјоделски структури-житни, индустриски, градинарски и фуражни, како и за подигање на овошни и лозови плантажни насади и развој на сточарството, за кое постојат изразити погодности имајќи ги предвид површините под пасишта. Општина Карбинци располага со вкупна аграрна површина од 19.936 ha, од која 9.078 ha се земјоделска површина, погодна за одгледување на сите видови житни, градинарски и фуражни култури како и лозови и овошни насади, вкупна површина под шуми 5.255 ha и пасишта кои заземаат површина од 5.635 ha.
 
 
Работно време:

Пон - Петок: 08:00 - 16:00
Саб - Недела: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

web: www.opstinakarbinci.gov.mk

fb Instagram

 

 

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org