"Агенција за задолжителни нафтени резерви - МАКОРА
Согласно Законот за задолжитени нафтени резерви Агенцијата за задолжителни нафтени резерви - МАКОРА е самостојно, независно и непрофитно правно лице кое извршува работи од јавен интерес и е централно тело за чување на задолжителни резерви, единствено овластена за формирање, одржување, чување и продажба на задолжителните резерви на Република Северна Македонија.
Работењето на МАКОРА се заснова на принципите на стручност, професионалност, транспарентност и одговорност за работењето. За својата работа МАКОРА одговара пред Владата на Република Северна Македонија.
Задолжителните резерви се формираат и чуваат со цел да се обезбеди непречено снабдување на пазарот со сурова нафта и/или нафтени деривати во случај на нарушена енергетска сигурност предизвикана од вонредно пореметување и значителен и ненадеен пад во снабдувањето на пазарот со сурова нафта и нафтени деривати, според одредбите на ЗЗНР и подзаконските акти кои од него произлегуваат. Вонредното пореметување на снабдувањето може да биде предизвикано со нарушување на регионалниот пазар на сурова нафта и нафтени деривати и/или од причини и услови на чие настанување неможе да се влијае, a се случиле на територијата на Република Северна Македонија и/или во земјите преку кои се врши увоз на сурова нафта и нафтени деривати за потребите на пазарот во Република Северна Македонија.
Задолжителните резерви се користат:во случај на нарушување и пореметување во снабдувањето со нафтени деривати кое може да биде предизвикано на пазарот во Република Северна Македонија и заради исполнување на меѓународните обврски на Република Северна Македонија.
Согласно закон задолжителните резерви се формираат постепено, со цел да се обезбеди вкупните задолжителни резерви кои се чуваат во секое време во Република Северна Македонија да одговараат на најмалку 90 дена од дневните просечни нето увози или на 61 ден од просечната дневна домашна потрошувачка, во претходната календарска година, во зависност од тоа која од двете наведени количини е поголема".
Работно време:
Пон - Пет : 07:30 – 16:30
Саб - Нед : Не работиме
mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: https://dcor.gov.mk/
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: