MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

 

 

 
Работно време:
Пон - Пет: 08:30 - 16:30
Саб - Нед: не работи
 
e-mail:
web:
 
fb Instagram


 
 
Емша Шпед  ДООЕЛ е основана 1999 година од страна на сегашниот сопственик  Г-нот Емшов Марјан.  Фирмата започна да работи како мала транспортна компанија која поседува само 1 камион, а денес фирмата поседува повеќе од  120 камиони и има голем број на партнери од Македонија, од соседните држави и од цела Европа.
Во денешно време главната дејност на фирмата е транспорт на секаков вид на добра и располага со секаков вид на камиони, и тоа: камиони влекачи, влекачи со приколица, мега камиони кои може да се поврзат со обични и мега приколици, троосовински камиони за транспорт на добра потешки од вообичаените утовари (27-30 тони) итн...
Нашата работа се одликува со ефикасност, навременост и точност.  Повеќегодишното искуство во областа на транспортот, искусните диспечери и професионалните возачи се уште еден адут за успешна и плодна работа веќе 13 години.
Уште еден доказ за нашата долгогодишна и успешна работа е тоа што сме избрани за една од 200 најголеми и најуспешни фирми во Македонија, врз основа на финансиските податоци од Централен Регистар на Македонија за 2011 година.
Сето тоа не прави стабилна и конкурентна меѓународна компанија за транспорт и шпедиција која секојдневно го зголемува обемот на својата работа и со тоа ја зајакнуваме нашата позиција на пазарот.
Главната дејност на ЕМША ШПЕД ДООЕЛ е транспорт на добра од сите држави во Европа: (Шведска, Данска, Норвешка, Финска, Германија, Холандија, Белгија, Австрија, Италија, Шпанија, Португалија, Англија итн...)
Нудиме можност за соработка со сите транспортни фирми кои поседуваат возила со CEMT дозволи или се во сопственост на фирма регистрирана во земја членка на EU за вршење на транспорт на добра во земји во EU на неопределен рок, врз основа на склучен договор со ЕМША ШПЕД ДООЕЛ.
Работата извршена од нас мора да биде на високо професионално ниво, нашите камиони и сите други камиони кои работат за нас се комплетно опремени со ADR сертификати, сите возила поседуваат ADR дозволи.  Посебно се грижиме за безбедноста на робата којашто ја превезуваме, па така сите камиони во сопственост на ЕМША ШПЕД поседуваат CMR осигурување издадено од престижна Австриска Осигурителна компанија.  Истата можност за осигурување ја нудиме на сите превозници коишто работат за ЕМША ШПЕД, на кој начин гарантираме комплетна безбедност како за робата така и за самиот транспортер.  Вашата роба можете комплетно да ни ја доверите, ние гарантираме комплетна безбедност како за робата така и за самиот транспортер.  Вашата роба можете комплатно да ни ја доверите, ние гарантираме за нејзината безбедност, бидете сигурни дека Вашата роба ќе биде товарена и истоварена од истиот возач под целосна негова одговорност.
Во моментот работиме со повеќе од 200 камиони ( стандард, мега, троосовинци...) на најразлични релации.  Сите камиони поседуваат GPS навигации се со цел навремено, одговорно и предвреме испланирано доставување на робата којашто се транспортира.
 
Работно време:
Пон - Нед: 24/7

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
webwww.emsasped.com.mk

fb Instagram

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org