MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место
 
 
Мебел дизајн е иновативна, технолошки развиена компанија за производство на мебел која се разликува од сите други по непосредниот пристап, планирање и реализирање на проекти и нивно имплементирање во секој дом. Финалниот продукт е исклучителен дизајн кој не е само луксуз, туку прекрасна неопходност за Вашиот дом.

Нашиот дизајнерски тим ја има вистинската формула за идеално дизајнирање и изработка на мебел за секое домаќинство. Вашиот дом го опишува Вашиот живот, а нашиот дизајн ја истакнува и во целост ја надополнува визијата за квалитетен и модерен стил на живеење. Од самото формирање во 1999 година, па се до денес, Мебел дизајн постојано работи на усовршување и проширување на сопствената дејност во согласност со најновите производствени стандарди и трендови.

Во склоп на новата фабрика изградена во 2011 година со површина од 2600м2, купувачите можат да го посетат и изложбениот салон од 450м2, каде е изложен дел од нашиот асортиман на кујни, спални и детски соби. Стручниот тим составен од врвни архитекти со завидно искуство и преку 1000 реализирани проекти ќе Ви овозможи да го исполните домот со мебел изработен по Ваш вкус.
Нашата фирма истотака врши и услужни дејности на кроење и кантување на иверка, благодарение на широкиот асортиман на иверка од Кроноспан, Егер, Дуропал, Каиндл, Кастамону и Агт.

Работно време:
Пон - Пет:  08:00 - 17:00
Саб - Нед:  09:00 - 14:00

e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: 

fb Instagram

 
Во нашите салони може да најдете мебел од различни производители од странски и домашни компании. Во нашите салони ќе најдете мебел за сечиј вкус и стил и ќе добиете комплетна услуга од нашите вработени од стручни совети, преку идејни решенија за вашиот простор спрема вашите желби до конечна реализиција и монтажа на истиот.

 
 
Работно време:
Пон - Саб:  08:00 - 20:00

e-mail:
web:

fb Instagram

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org