MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

Лоциран е на падините на Скопска Црна Гора, северозападно од Скопје, помеѓу селата Горњани, Бањани и Чучер-Општина Чучер-Сандево (42⁰06’27.72"N 21⁰22’47.00"E, надморска висина 574м)

Црквата е изградена во 1307/1308 година како задужбина на српскиот крал Милутин, на темели на постара црква. Во 1574 година јужниот влез бил поправен, а во 1692 година црквата била обновена. Во XIX век на куполата е изградена нова калота, старата била урната. Живописана е околу 1320 година, а некои делови биле живописани во XV и XIX век.

Како Заштитено културно добро Споменик на културата е прогласена со Решение бр. 1041 од 27.07.1950 година; Решение бр. 27/46 од 20.02.1968 година; Централен регистар бр. 59.

Црквата има основа во форма на впишан крст во правоаголен простор, со една апсида на источната страна, петострана однадвор. Има купола потпрена на четири четвртасти столбови и пандантифи. Ѕидана е од камен и тули со малтер.За украс на фасадите применети се слепи аркади исполнети со разни геометриски орнаменти, кои на споменикот му даваат декоративен и живописен изглед, посебно потенциран на олтарната апсида. Првобитните мали прозорци на јужната и северната страна биле затворени и на нивно место отворени други во вид на бифори. Живописот е од времето кога е изградена црквата, со исклучок на некои делови како што се фреските во куполата каде има понов живопис од XIX век. Во
црквата има фрагментарно сочуван и постар живопис од старата првобитна црква на чии темели е подигната денешната, во делови на ѕидовите од столбовите и во олтарната апсида. За живописот е карактеристично што покрај грчките натписи, се среќаваат и старословенски кои биле многу подостапни за населението.

Скоро истовремено со црквата, кралот Милутин подигнал и една капела на јужната страна на црквата, посветена на Јован Претеча. При обновата на црквата
во 1692 година, капелата била урната.

Зографите Михајло и Евтихие кои работеле во овој објект се автори и на фреските во црквата Св.Климент во Охрид и црквата  Св. Ѓорѓи во Старо Нагоричани.

Во дворот на манастирот констатирано е постоење на некропола, најверојатно средновековна. Гробните конструкции од камени плочи се забележуваат наповеќе места во дворот, каде има и остатоци на постар сакрален објект, најверојатно порана средновековна, можеби и ранохристијанска црква на чии темели е подигната денешната црква. Во дворот има и остатоци, фрагменти на римски надгробни споменици донесени од Скупи.

Покрај манастирот Св.Никита во с.Горњани, општина Чучер Сандево, на територија на Општината се и следниве културно историски добра:

-Манастир „Благовештение“-с.Бањане (од XVI век, Прогласен за споменник на култура со решение од 1968г.),

-Црква „Св.Ѓорѓи“-с.Бањани (од XIV век со решение од 1956г.),

-Манастир „Св.Илија Горни“-с.Бањани (од XIV век со решение од 1953г.),

-Црква „Св.Архангел Михаил и Гаврил“-с.Кучевиште (од XIV век, со решение од 1950г.),

-црква „Св.Спас“ –с.Кучевиште (од 1330 година, со решение од 1950г.),

-црква „Св.Богородица“-с.Побожје (од 1593 година, со решение од 1968г.),

-црква „Св.Петка“ –с.Побожје (од XII век со решение од 1968г.),

-спомен плоча на Александар Урдаревски Станко-с.Чучер Сандево (од 1950 година со решение од 1968г.),

-монументална раноримска гробница с.Бразда (од IV век, со решение од 1992 г.)

-„Бања“-водовод од римско време-с.Бањане,

-„Дуло“ с.Бањане-вила рустика од доцноантичко време,

-„Св.Ѓорѓи“-с.Бањани- осамен наод од римско време,

-„Градиште“ с.Бањане утврдена населба од железно, раноантичко, римско и доцноантичко време,

-„Ѓорѓоец„ водовод од римско време с.Бразда,

-„Царевец„ населба од римско време с.Бразда,

-„Куќетине„-с.Глуво-населба од раниот среден век

-„Штитиње“-с.Глуво, осамен наод од римско време

-„Бошњачка чешма„ с.Кучевиште, некропола од доцнаантичко време

-„Град“ с.Кучевиште, градиште од доцноантичк време

-„Градиште-Беговиште“, с.Кучевиште, утврдена населба од доцноантичко време

-„Кучевиште“, с.Кучевиште, осамен наод од римско време

-„Радишко“ с.КучевиШте, некропола од римско време

-„Преку река“ с.Мирковци, некропола од доцноантичко време

-„Врбиче“ с.Побожје некропола од доцноантичко време

-„Гробишта„ с.Побожје некропола од доцноантичко време

-„Зајкино„ с.Побожје осамен наод од римско време

-Давина-Маркова Кула„ с.Чучер Сандево кастел-градиште од римско и доцноантичко време

-„Маркова кула“ с.Чучер Сандево некропола од римско време
 
Работно време:
Пон - Саб:  08:00 - 16:00
Нед: Не работиме

e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: http://www.cucersandevo.gov.mk/

fb Instagram

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org