МЛЕКАРНИЦА МАЛЕШ лоцирана во село Смојмирово, во еколошки чиста средина, во пазувите на Малешевските Планини, произведува повеќе од 20 различни видови производи од кравјо, овчо и козјо млеко, направени по стари, традиционални рецепти.
- Кравјо, мешано, овчо и козјо сирење
- Кравји, мешан, овчи и козји кашкавал
- Биено сирење
- Урда
Смојмировско за своја душа!
МЛЕКАРНИЦА МАЛЕШ претствавува долгогодишна семејна традиција преточена во семеен бизнис, кој веќе 15 години успешно егзистира на македонскиот пазар. Нашата мисија е производство и пласирање на квалитетни производи на македонскиот пазар, направени од чисто, природно млеко, од еколошки најчистиот регион во Македонија – Малешевијата.