Општина Чашка се наоѓа во централниот дел на Република Македонија. Зафаќа површина од 825 км2 и се вбројува во една од поголемите општини во Македонија. Истата е рурална општина со добра географска положба.
Општината располага со вкупна обработлива земјоделска површина од 476.00 км2 и 48.97 км2 под пасишта. Соседни општини со кои се граничи општината се од исток со Велес и Градско, од север со Зелениково и Студеничани, од запад со Македонски Брод и Долнени и на јужноит дел со Прилеп и Кавадарци.
Според последните податоци од Заводот за статистика на територијата на општината живеат вкупно 7673 жители во 42 населени места. Густината на населеност е 6 жители на км2. Општина Чашка има добра географска положба. Ги поседува најубавите и атрактивни предели на планините Јакупица, Даутица и Бабуна од запад, Клепа од исток, Караџица и Голешница од севоро-запад. На територијата на општината е и највисокиот врв на Јакупица, Солунска Глава (2539м). Целата таа атрактивност на пределот го дополнуваат и реките Бабуна и Тополка. По течението на овие реки се простира алувијална рамнина настаната како резултат на наносите на реките која е многу плодна. Покрај реките Бабуна и Тополка како природен ресурс е и новоизградената брана Лисиче. Во годините што следеле, биле изградени новата фабрика за тули, поштата, основното училиште, милиционерската станица, здравствената станица итн. Кога се зборува за туларницата неможе, а да не се спомене сега веќе непостојниот 30 метарски оџак, симбол и препознатлив белег на населбата се до 1976 година, кој денес е зачуван на грбот на денешната општина Чашка. Со укинувањето на општина Чашка во 1965 година, засилениот тренд на развој на населбата спласнува и се поголем број на жители започнале масовно да се селат во Велес, Скопје и Битола.
Денес населба Чашка добива современ градски изглед. Покрај уредениот плоштад и поплочувањето на улиците, се планираат и други партерни уредувања, изградба на спортско-рекреативен центар, детски забавен центар и други зафати, се со цел да се подигне квалитетот на живеење, во согласност со барањата и потребите на современите животни стандарди. Во 2001 година осветена е црквата Св.Климент Охридски која е гордост на сите граѓани на населбата Чашка. Локалните власти, со активности, се движат во насока на понатамошен развој и создавање на услови со кои населбата ќе стане атрактивно место за живеење.
Работно време:
Пон - Пет : 07:30 – 15:30
Саб - Нед : Не работиме
mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.