MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

Технолаб ДОО Скопје е приватна компанија основана во 2000 година. Нејзината основна дејност се: услуги, изработка на проекти, консалтинг и лабораториски испитувања во областа на заштитата на животната средина и заштитата при работа.

Стратегијата за развој на Технолаб е насочена кон воспоставување и обезбедување на услуги во согласност со меѓународните стандарди за квалитет. Следејќи ја оваа стратегија, Технолаб постојано ги развива и подобрува своите ресурси-опрема и персонал. Во Технолаб е имплементирн интегрираниот систем за квалитет ISO 9001:2015, ISO 14001:2015 и ISO 45001:2018. Лабораторијата на Технолаб е акредитирана согласно меѓународниот стандард за компетентност на лаборатории ISO 17025:2018, а истовремено ги задоволува и барањата на стандардот MKTC CEN/TS 15675:2009 за мерење на емисии во воздухот од стационарни извори.

Активностите на Технолаб се спроведуваат преку 4 основни сектори:

 

  1. КОНСАЛТИНГ ВО ЖИВОТНА СРЕДИНА

-       Студии за оцена на влијанијата врз животната средина (ОВЖС)

-       Студии за стратегиски оценки на влијание врз животната средина (СОЖС)

-       Барања за добивање А и Б интегрирани еколошки дозволи

-       Интегрирани Катастри на загадувачи на животната средина

-       Елаборати за заштита на животната средина

-       Мониторинг на медиумите во животната средина ( воздух, вода и почва)

-       Изработка на стручни и научни проекти од областа на заштита на животната средина

-       Програми и планови за управување со отпад

 

2.     БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

                 - Проценка на ризик на работни места со Изјава за безбедност

                 - Обуки на вработените за безбедност и заштита при работа

                 - Тестирање и контрола на опрема за работа

                 -  Мерења и анализи на услови во работна средина

                 -  Тестирање на заземјување и електрична инсталација

                 -  Изработка на студии (стручни документации) за остварување на право на стаж

                    на осигурување со зголемено траење (бенифициран стаж)

                  - Проекти и елаборати за безбедност при работа и Планови за безбедност при работа

 

3. АКРЕДИТИРАНА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА ИСПИТУВАЊА ВО ЖИВОТНА И РАБОТНА СРЕДИНА СОГЛАСНО MKC ISO/IEC 17025:2018 со акредитирани методи за мерење на емисии од стационарни извори кои ги ги исполнуваат барањата на МКТС CEN/TS 15675:2009/CEN/TS 15675:2007

- Тестирања и анализи во животната и работната средина на неоргански и органски загадувачки супстанци

- Мерење и мониторинг на загадувачки супстанции во воздух, вода и почва

- Контрола и тестирање на на квалитет на воздух

- Мерења на услови во работна средина (микроклиматски услови, физички и хемиски штетности)

- Анализи на површински и подземни води

- Анализи за категоризација и карактеризација на отпад и отпаден мил

- Испитувања за присуство на PAH и BTX во воздух, вода, почва и отпадни масла

 

4.     ЕДУКАТИВЕН ТРЕНИНГ ЦЕНТАР

-       Лиценцирани обуки за вработени од областа на безбедност и заштита при работа.

-       Обуки за  стручно оспособување на стручни лица за безбедност при работа и претставници на вработените за безбедност при работа.

-       Обуки за управување со отпад

-       Други обуки во областа на животната средина 

Пон - Пет: 08:00 - 16:00
Саб - Нед: не работиме

 

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

web: https://tehnolab.com.mk/

fb Instagram

 Пзу Еми-Медикус Кавадарци е биохемиска лабораторија која 17 години работи во прилог на вашето здравје.

Ние сме најсовремена и најголема биохемиска лабораторија во Тиквешијата во која може да се изработат следниве параметри: комплетен хематолошки статус, уринарен статус, биохемиски статус, имунолошки статус, хормонален статус, инфективни испитувања, тумор маркери, фактори на хемостаза и др.

Работно време:

Пон - Пет: 07:00 - 20:00

Саб:          07:00 - 13:00

 Нед:          не работиме

 

 e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
 

 

 

 

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org