Основно училиште „Климент Охридски“ (официјално: Основно општинско училиште „Климент Охридски“ - Облешево; скратено: ООУ „Климент Охридски“[1]) — централно основно училиште во кочанското село Облешево, Општина Чешиново-Облешево.
Училиштето е именувано по словенскиот просветител и светец Свети Климент Охридски.Училиштето е изградено во 1947 година.
Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:
* ПУ „Климент Охридски“ - Бања, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик;
* ПУ „Климент Охридски“ - Кучичино, подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик;
* ПУ „Климент Охридски“ - Теранци, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; и
* ПУ „Климент Охридски“ - Чифлик, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.
Работно време:
Пон - Пет: 08:00-16:00
Саб - Нед: затворено
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.