MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

 ЗА ЕЛЕНА ЛУКА
Елена Лука е синоним за автентичен, авангарден и уметнички моден израз кој создаде свој единствен и суштински моден печат, препознатлив и на домашниот пазар, но и во глобалниот моден бизнис.

Визијата за македонски производ со светски дизајн и квалитет, започна да се реализира во 2008 година и за релативно краток временски период, брендот успешно се позиционираше на домашната модна сцена, издвојувајќи се благодарение на комплетниот стручен тим што го сочинуваат инвентивни професионалци и едуцирани, креативни уметници – кројачи, моделари, дизајнери, работници за рачна работа, менаџери, агенти за маркетинг и продажба, истражувачи на пазар предводени од една исклучително амбициозна дама која е една од водечките жени-менаџери во Македонија.

Елена Лука започна да раскажува една нова значајна приказна за македонската модна индустрија, која во суштина беше реализација на долгогодишната анализа и стратегија, но пред сè искрена желба на генералниот менаџер Елена Пандева да создаде една сериозна модна платформа која ќе ги задоволи и највисоките професионални стандарди во модниот дизајн. Од тогаш, Елена Лука во континуитет креира два пати годишно сезонски ревијални колекции, а покрај тоа редовно, секојдневно создава нови визии на совршениот моден дизајн.

 mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

web: https://elenaluka.com/

Работно време:

пон-петок 08:00 - 20:00
сабота 09:00 - 17:00

 

 fbInstagram

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org