Технолаб ДОО Скопје е приватна компанија основана во 2000 година. Нејзината основна дејност се: услуги, изработка на проекти, консалтинг и лабораториски испитувања во областа на заштитата на животната средина и заштитата при работа.
Стратегијата за развој на Технолаб е насочена кон воспоставување и обезбедување на услуги во согласност со меѓународните стандарди за квалитет. Следејќи ја оваа стратегија, Технолаб постојано ги развива и подобрува своите ресурси-опрема и персонал. Во Технолаб е имплементирн интегрираниот систем за квалитет ISO 9001:2015, ISO 14001:2015 и ISO 45001:2018. Лабораторијата на Технолаб е акредитирана согласно меѓународниот стандард за компетентност на лаборатории ISO 17025:2018, а истовремено ги задоволува и барањата на стандардот MKTC CEN/TS 15675:2009 за мерење на емисии во воздухот од стационарни извори.
Активностите на Технолаб се спроведуваат преку 4 основни сектори:
- Студии за оцена на влијанијата врз животната средина (ОВЖС)
- Студии за стратегиски оценки на влијание врз животната средина (СОЖС)
- Барања за добивање А и Б интегрирани еколошки дозволи
- Интегрирани Катастри на загадувачи на животната средина
- Елаборати за заштита на животната средина
- Мониторинг на медиумите во животната средина ( воздух, вода и почва)
- Изработка на стручни и научни проекти од областа на заштита на животната средина
- Програми и планови за управување со отпад
2. БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА
- Проценка на ризик на работни места со Изјава за безбедност
- Обуки на вработените за безбедност и заштита при работа
- Тестирање и контрола на опрема за работа
- Мерења и анализи на услови во работна средина
- Тестирање на заземјување и електрична инсталација
- Изработка на студии (стручни документации) за остварување на право на стаж
на осигурување со зголемено траење (бенифициран стаж)
- Проекти и елаборати за безбедност при работа и Планови за безбедност при работа
3. АКРЕДИТИРАНА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА ИСПИТУВАЊА ВО ЖИВОТНА И РАБОТНА СРЕДИНА СОГЛАСНО MKC ISO/IEC 17025:2018 со акредитирани методи за мерење на емисии од стационарни извори кои ги ги исполнуваат барањата на МКТС CEN/TS 15675:2009/CEN/TS 15675:2007
- Тестирања и анализи во животната и работната средина на неоргански и органски загадувачки супстанци
- Мерење и мониторинг на загадувачки супстанции во воздух, вода и почва
- Контрола и тестирање на на квалитет на воздух
- Мерења на услови во работна средина (микроклиматски услови, физички и хемиски штетности)
- Анализи на површински и подземни води
- Анализи за категоризација и карактеризација на отпад и отпаден мил
- Испитувања за присуство на PAH и BTX во воздух, вода, почва и отпадни масла
4. ЕДУКАТИВЕН ТРЕНИНГ ЦЕНТАР
- Лиценцирани обуки за вработени од областа на безбедност и заштита при работа.
- Обуки за стручно оспособување на стручни лица за безбедност при работа и претставници на вработените за безбедност при работа.
- Обуки за управување со отпад
- Други обуки во областа на животната средина
Пон - Пет: 08:00 - 16:00
Саб - Нед: не работиме
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.