Јавната општинска установа БОРИС ТРАЈКОВСКИ како самостојна институција започна да работи во 2010 година.Во детската градинка на почетокот беа згрижени 40 дечиња ,а моменталната бројка денес изнесува 100 дечиња.Тие се грижени во четири воспитни групи,прва мала,втора мала,средна,и предучилишна група.Детската градинка Борис ТРАЈКОВСКИ располага со еден објект со капацитет од 80 деца.Вработени се 12 лица од кои 3 воспиувачи, 5 негователи, и технички персонал.Во склоп на детската градинка се наоѓа и Народната кујна каде храната ја подигаат осум лица од социјално ранливите категори.
Годишната програма за работа со децата во предучилишната возрст,ги опфаќа правата на децата,јавниот систем на едукација треба да се гради на поширок консензус и да се задоволат интересите на децата.Наша цел е да се обезбеди мреза на преучилишно воспитание и образование со висок кавалитет која ќе биде достапна на децата и ќе им обезбеди активна средина и услови за сигурно и здраво детсвто,развој за физички и ментални способности.
Мисија на установата
Ние сме средина на свесни принципиелни ,културни доблесни индивидуи и градиме заемна доверба и почит.Детето е центар на сите наши заложби и ангазирања.Посветени сме на младиот човек со желба од него да создадеме граѓанин кој ги знае своите права и одговорности .
Воспитно образовната програма се одвива во четири занимални.Во тек е изградба на постоечкиот објект каде ќе се подобрат условите за работа.
Работно време:
Пон - Саб: 07:00 - 17:00
Недела: не работиме
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:
