Изработка на комплетни проекти за станбени и деловни објекти, со изработка на 3D - визуелизација - Изработка на ентериерни проекти со вклучена 3D - визуелизација - Вршење на стручен технички надзор
Компанијата ПУМС - Инжинеринг дооел – Битола е формирана во 1998 година и таа претставува продолжување на работењето и традицијата на градежната фирма ПУМ доо – Битола, која почна со работа во 1994 година. Од формирањето на компанијата па се до денес таа, пред се, се занимава со проектантски услуги во високоградбата и делумно во нискоградбата и хидроградбата, како и вршење на стручна ревизија на проектната документација за различни видови објекти.
Проектантските услуги на ПУМС-Инжинеринг дооел – Битола во високоградбата се доста големи и се движат во сегментот на изработка на проекти за изградба, реконструкција и адаптација на индивидуални и колективни станбени објекти, деловни и јавни објекти. Нашите проектантски услуги опфаќаат и изработка на проекти за санација, реставрација и конзервација на станбени, деловни и јавни објекти, меѓу кои голем број се и заштитени и декларирани како македонско културно наследство.
Се занимаваме и со изработка на ентериерни проекти за разни видови објекти:
- индивидуални
- деловни и јавни
ПУМС - Инжинеринг дооел – Битола располага со соодветниве лиценци за работа:
- Лиценца А и Лиценца Б за проектирање на градби
- Лиценца Б за ревизија на проектна документација
Работно време:Пон - Пет: 07:00 - 17:00
Саб - Нед: не работиме
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: