Општина Боговиње е главно рурална општина. Вкупниот број на населени места во општината е 16 и тоа се: Боговиње, Пирок, Раковец, Селце Кеч, Жеровјане, Камењане, Јеловјане, Горно и Долно Палчиште, Горно Седларце, Синичане, Урвич, Новак, Чифлик, Калник и Ново Село. Од овие населени места, 8 се наоѓаат во планинскиот дел на општината, поточно во Шар Планина, а другите во долниот.
Според последниот попис на населението од 2021 година, во општина Боговиње живеат 22.906 жители на површина од 143,44 км², со густина на населеност од 160 жители/км², што е на ниво на густина на населеност во Полошкиот регион.