Работно време:
Пон - Пeт: 07:00 - 15:00
Саб - 07:00 - 14:00
Нед: не работиме
Телефон 02/5213650
Мобилен 078 216 263
Email: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Грозд Струмица е акционерско друштво во приватана сопственост со основна дејност производство и промет на алохолни и безалкохолни пијалоци со висок квалитет и богата традиција.
АД Грозд постои над 60 години и ја продолжува традицијата на печење на Струмичка Мастика позната повеќе од 300 години.
Водечки производ во палетата на АД Грозд Струмица е познатата Струмичка Мастика која е природен алкохолен пијалок произведен од исклучиво природна суровина – најквалитетен вински дестилат од македонското поднебје и природно анасоново семе кое содржи етерични масла кои ја даваат единствената арома на Мастиката.
Квалитетот и оргиналноста на Струмичката Мастика се потврдува со многубројните награди и признанија добиени на домашни и странски саеми и дегустации. Од палетата на безалкохолните пијалоци се издвојува Струмката која со специфичната крушкова арома е еден од ретките безалкохолни пијалоци кој не е сличен со другите.
Доста барани на пазарот се другите безалкохолни пијалоци: Липо, Битер и Блек Џек Кола. Високиот квалитет и убавината на безалкохолните пијалоци на АД Грозд Струмица се должи на природниот, чист и сопствен извор на вода кој го користи АД Грозд Струмица. Најнов производ е природната изворска вода Бела, газирана и негазирана која се полни од овој извор во модерна фабрика која ги задоволува сите стандарди.
Стремеж на менаџментот на АД Грозд Струмица е традиционално високиот квалитет на производите да биде најдобар со што овозможува влегување на пазарите ширум Европската Унија и надвор од неа. За тоа секако придонесуваат Сертификатите ISO 22000:2005 и ISO 14001:2004.
Работно време:
Пон - Саб: 07:00 - 16:00
Недела: не работиме
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.grozd.mk
![]()
Работно време:
Пон - Саб: 07:00 - 16:00
Недела: не работиме
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:
![]()