MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

 Основното општинско училиште „Гоце Делчев” – Прилеп се наоѓа во реонот на урбаната заедница „Гоце Делчев” – Прилеп, ул „Мечкин Камен” бр.2 . Просториите и техничките услови ги задоволуваат нормите и потребите за непречено изведување на наставата и другите барања во воспитно- образовниот процес.

Во составот на училиштето работи и подрачна паралелка во с.Големо Радобил. Наставата се изведува во две згради во матичното училиште и една во подрачното. Просториите и просторните услови ги задоволуваат нормите и потребите за непречено изведување на наставата и другите барања за воспитно- образовниот процес.

Училиштето е опремено со потребниот мебел и инвентар кој е адекватен на неговата намена. Училниците, исто така, се збогатуваат со потребен инвентар и нагледност за изведување на активна настава и истите тековно се одржуваат. Исто така располага со наставни средства и технички помагала чиј број континуирано се збогатува. Училиштето ги следи потребите на учениците и преку примена на современи наставни стратегии ги унапредува учењето и поучувањето на учениците од различните развојни периоди.

 

 

 

Работно време:

Пон-Пет: 08:00 – 19:00

Сабота-Недела: Затворено

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

 

 
ООУ„Невена Георгиева – Дуња“ е основано од општина Кисела Вода со решение бр.280 од 26.2.1964 година. Изградбата на училиштето траела од 26.2.1964 до 10.8.1964 година. Започнувајќи од 1.9.1964 па до денес со успех и плодотворност воспитува и образува многу генерации. Првата учебна година започнала со 420 ученика, 22 наставника и 10 вработени од административен и технички персонал.
 
За почетоците на училиштето ги паметиме зборовите на наставничката по музичка култура Васка Сакоман, вработена во ова училиште уште првата учебна година: „По катастрофалниот земјотрес што го зафати градот Скопје, се тагуваше по изгубеното, но се мислеше и за новонастанатата состојба во градот. Скопје стана големо градилиште. Урнатините се расчистуваа, а насекаде никнуваа нови населби од шатори, монтажни бараки, привремено импровизирани живеалишта. Така се изгради и монтажното училиште „Невена Георгиева – Дуња“ – подарок од француската влада. Училиштето сеуште беше градилиште, без училишен двор, со расфрлан градежен материјал. Сето тоа требаше да се расчисти за да почнеме со настава. Со елан за работа и желба да се успее, за кратко време сето тоа го расчистивме…“
 
Бројот на учениците и наставниците растел заедно со растењето на населбата. Тој растеж достигнал кулминација во 1972 година кога бројот на учениците се зголемил на 1250, 44 наставника и 14 вработени како друг персонал. Со оваа бројка на ученици се појавил проблем за нормално изведување на наставата во однос на училишниот простор и затоа во близина било изградено училиштето „Кирил Пејчиновиќ“, така што преку 400 ученици преминале во тоа училиште. Од учебната 1988/89 до 2007 година кон нашето училиште е приклучено и подрачното училиште од с.Усје во кое работеле две комбинирани паралелки: I со III и II со IV со вкупно 46 ученика, два наставника и хигиеничар. Во 2008 година подрачното училиште е затворено така што наставниот кадар и учениците се префрлени во централното училиште.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Работно време:

Пон - Пет: 08:00 - 18:00
Недела: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:

fb Instagram

 

 

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org