MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

 Образовниот процес во населеното место Стојаково датира многу одамна, од почетокот на 60- тите години од 19 век кога било отворено патријаршиско училиште и работело само во топлите месеци од годината, а наставата се одвивала во црковниот трем.

Во 1870 година отворено е првото народно училиште со околу 80 ученици. Во 80 – тите години од 19 век училиштето прераснало во про-гимназијално училиште во кое учеле и деца од околните населени места. Од 7 ноември 1944 година училиштето работело како третокласно про-гимназијално училиште под името „Кирил и Методиј“ и наставата се изведувала на македонски јазик, а во учебната 1952/53 година, училиштето прераснало во осумгодишно училиште.

Денеска ООУ„Кирил и Методиј“ Стојаково е модерно современо училиште кое се простира на површина од 2700м2 со одлични просторни капацитети, модерно опремени училници, училишна библиотека со фонд кој континуирано се зголемува, новоизградена спортска сала со површина од 1200 м2, хортикултурно уреден и комплетно ограден училиштен двор.

Во состав на ООУ„Кирил и Методиј“ Стојаково работи и подрачното училиште во населеното место Селемлија каде се реализира настава до петто одделение

 

 

 

 

 

 

 

 

Работно време:

Пон-Пет: 07:00 – 19:00ч.

Сабота-Недела: Затворено

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.



 

 

 

Почнувајќи од 06 Април, 2004, со измените на одредбите од новиот закон за култура на Р Македонија, трите претходно самостојни организации : Дом на култура, Уметничка галерија и Народен театар Антон Панов, се интегрираа во една заедничка органузација, под името Национална установа Центар за култура Антон Панов – Струмица.

Објектот на Центарот за култура Антон Панов – Струмица, е една инпозантна градба од 5560 м2 изграден од самопридонес на граѓаните, пуштен во употреба од 01.05.1986 година, како Дом на културата Благој Јанков Мучето.
Народниот театар Антон Панов, е основан 1949 година.

 

Работно време:

Пон-Пет: 08:00 – 19:00ч.

Сабота-Недела: Затворено

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.



 

 

 

 

 

 

 

Работно време:

Пон-Пет: 08:00 – 19:00ч.

Сабота-Недела: Затворено

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.



 

 

 

Општинско основно училиште „Мануш Турновски“ - Ново Сeло

Патрониот празник на ОУ“Мануш Турновски “ Ново Село секоја година се организира на 15 Мај со свечена академија во која учетсвуваат учениците

Работно време:

Пон - Нед: 07:30 - 16:30

 

 e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.


 

 

 

 
 

Центар за едукација на деца и возрасни Х.И. ИНТЕЛЕКТ ДООЕЛ Скопје

 
 
 
Работно време:
Пон - Пет: 10:00 - 22:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

 

 Општинското основно училиште Гоце Делчев од Неготино започна со работа во 1972 г. во месец ноември и во него образование стекнуваат над 1000 ученика од градот и приградските места. На почетокот во училиштето беа вработени 52 наставника а денес во него работат вкупно 64 наставника од кои 35 во предметна а 29 во одделенска настава.
 
Денес училиштето располага со вкупно 3.580 м2 работна површина која ја сочинуваат 17 училници, 6 кабинети, 2 занимални, 1 фискултурна сала, 5 канцеларии и 3 простории за друга намена а учениците кои тука се школуваат се распоредени во 55 паралелки. Досега тука се спровеле многу републички, регионални или училишни натпревари речиси по сите наставни предмети а воедно тоа учествува редовно во севкупниот јавен живот во општината, вклучувајќи се во разни културно-уметнички приредби, локални акции и др. Училиштето од 2007 г. е во надлежност на ЛС на Општина Неготино.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 16:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: http://gdnegotino.weebly.com/104810891090108610881080111210721090.html

fb Instagram

 

 

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org