РЕ КОМУНАЛНА ХИГИЕНА
РЕ Комунална Хигиена како дел од ЈКП ТЕТОВО Тетово има главна обврска да собира, транспортира и депонира на отпадот, да одржува јавните површини и да го менаџира парк и зеленило и православни гробишта.
За вршење на обемот на работата РЕ Комунална Хигиена во свој состав како сектор има :
- Одделение за Комунален Отпад
- Оддел Еко патрола
- Оддел за селекција и транспорт на отпад
- Одделение за јавна чистота
- Оддел Парк и Зеленило
- Одделение за православни гробишта
- Одделение за механизација
РЕ Водовод и Канализација
РЕ Водовод и Канализација како дел од ЈКП Тетово има обрска да управува и одржува водоводниот систем во градот Тетово, водоводниот систем во селото Сарачино, Фалише, како и да дава услуги за граѓаните за одржување на мрежата и да врши приклучоци во нова мрежа
Водовод и Канализација во свој состав како сектор има
- Одделение Водовод со оперативата
- Одделение за водотехничка лабораторија
- Одделение за канализација
- Одделение за технички работи и развој
УСЛУГИТЕ
Услугите што ги нуди ЈКП ТЕТОВО Тетово на граѓаните на општина Тетово се :
- Собирање на комунален отпад на домаќинствата и на правните лица.
- Одржување на јавните површини (чистење од отпадоци,перење и миење).
- Депонирање на отпадот до регионална депонија .
- Одржување ,озеленување на новите зелени површини.
- Дистрибуција на вода за пиење и одржување на водоводна мрежа.
- Собирање, третирање на отпадни води .
- Одржување на фекална и атмосферска канализациона мрежа
- Услуги за гробишта.
- Давање на закуп на недвижен имот.
- Одржување на пазарот со мало и големо со што подразбира одржување на комуналните објекти и објектите за давање подзакуп.