MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

 

Пон - Пет: 08:00 - 16:00
Саб - Нед: не работиме

 

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

web:

fb Instagram

  БОЈКОВСКИ ИНЖЕНЕРИНГ е фирма која се занимава со производство на мебел по мерка, производство на мебел од сите видови вештачки плочести материјали, како што се медијапан ( лакиран, бојадисан, екстра сјаен) и оплеменета и фурнирана иверица плочи. Фирмата почна со работа во 2001 година и за овие десеттина години, покрај производството на мебел, учествуваше и во ентериерното уредување на повеќе објекти. Во БОЈКОВСКИ ИНЖЕНЕРИНГ остануваат посветени на развојот, во план е да се воведе линија за производство на пластифициран медијапан, што за претпријатието ќе отвори нови перспективи и ќе им помогне подобро да одговорат на барањата на пазарот. Оваа инвестиција, воедно, е и гаранција дека за БОЈКОВСКИ ИНЖЕНЕРИНГ во иднина уште повеќе ќе се слуша и дека ова мало претпријатие ќе стане значајно име во македонската дрвна индустрија. Списокот на објекти во чие ентериерно уредување учествувал БОЈКОВСКИ ИНЖЕНЕРИНГ е навистина долг, а од него ги издвојуваме: -Општина Свети Николе -Хотел Инекс Дрим -Прогрес - Кочани -Здружение на возачи – Кавадарци -Агенција за недвижности - Милениум 2001 почнувавме со работа со производство на мебел. Броиме 3 вработени. Во план сме да се прошириме со производство на пластифициран медијапан. Во моментот работиме со сите видови на вештачки материјали, сем дрво (медијапан лакиран,фарбан и екстра сјај) Медијапанот го работиме во секоја форма. Листа на објекти кои сме работеле: Општина Свети Николе, Канцеларии, Инекс Дрим, Прогрес Кочани, Здружение на возачи – Кавадарци, Агенција за недвижности “Милениум”

 

 
 
 Работно време:

Пон - Пет:08:30 - 16:30

e-mail:This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.  
web: 

fb Instagram

 

 

 
 Почетокот на ОРИОН ИНЖЕНЕРИНГ датира од 1993 година  кога компанијата  работеше како мала машинска работилница под  друго име.Во почетокот  основна дејност на фирмата беше изработка на резервни делови за земјоделски машини, како и класични машински услуги. Поминувајќи низ разни фази на неповолни и поволни услови во стопанството нашата  инженерско –занаетчиска работилница успеа да се афирмира со својот препознатлив имиџ и да си го најде местото во металската индустрија .
Денес  ОРИОН ИНЖЕНЕРИНГ е  компанија со околу 30 вработени  со тенденција за зголемување на знаењето и бројот и обученоста на вработените,проширување на асортиманот на услугите и производите,освојување на нови сегменти од пазарот и стално усовршување на менаџерскиот тим на фирмата. Главна дејност на фирмата е изработка на резервни делови за индустрија и изработка на алати за лиење пластика,бризгање пластика како и алати за пробивање,виткање и просекување на лимови.Производната програма ја следат и современи машини ( ЦНЦ глодалка, ЦНЦ струг, ЦНЦ ерозимат со жица ) кои овозможуваат квалитетно производство со високопрецизни конструктивни карактеристики. ОРИОН ИНЖЕНЕРИНГ поседува опрема и стручен кадар за проектирање во најсовремени ЦАД-ЦАМ софтвери (MASTERCAM X7) така да изработката на делот или алатот  може да ја спроведи  од идеја до реализација.
 
На чело на компанијата се наоѓа  инженерски тим кој при конструирањето и производството се труди да во што поголема мера ја искористи современата технологија  која обезбедува заштеда на време, зголемена производност  и подобрен квалитет користејки ги современите софтверски пакети и ЦНЦ машинските обработливи центри, а не запоставувајќи ги традиционалните методи на обработка.
 
 
 
 
 
Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 16:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: 

fb Instagram

 

 

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org