MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

 

Компанијата ГРАДИНА - ЦВЕТ доо се занимава со производство и продажба на:

- Саксиско цвеќе за внатрешна и надворешна употреба
- Украсни растенија за уредување на дворови, паркови...
- Продажба на тресет
- Дизајн и уредување на екстериери

Компанијата ГРАДИНА ЦВЕТ од Струмица е најголем производител и продавач на саксиско цвеќе во Македонија. Се занимаваме со производство на декоративни зимзелени и листопадни садници за уредување на дворови и паркови, со производство на саксиско цвеќе за внатрешна и надворешна употреба, продажба на тресет и дизајн и уредување на екстериери.

Дури 80 проценти од саксиското цвеќе и декоративните растенија што ги продаваме се од наше производство, кое се одвива во пластениците што се наоѓаат во струмичкото село Владевци, а годишно произведуваме повеќе од два милиони парчиња од саксиско цвеќе. Инаку, компанијата ГРАДИНА ЦВЕТ на пазарот за цвеќе во Македонија е присутна повеќе од 15 години.

 

Покрај производството на цвеќе и украсни садници се занимаваме и со трговија на големо и мало на производите што ги произведуваме и увезуваме, како и со продажба на репроматеријали за производство на саксиско цвеќе, украсни садници и земјоделски култури. За да го дополниме асортиманот увезуваме холандско цвеќе и тоа во континуитет, цела година. Воедно, ГРАДИНА ЦВЕТ се занимава и со извоз на саксиско цвеќе од сопственото производство. За да бидеме што подостапни за купувачите кои кај нас купуваат на големо, како и да обезбедиме максимално квалитетен транспорт, нашите производи им ги доставуваме со сопствено возило, низ цела територија на Македонија.


 
Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 16:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: https://www.clubeconomy.com.mk/gradinacvet

fb   Instagram

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org